Цветишница (или Цветишинци ) — село во Општина Старо Нагоричане , североисточна Македонија .
Географија и местоположба
Селото е сместено во областа Козјачија и е од разбиен тип, така што надморската висина се движи од 900 до 1.000 м. Атарот зафаќа површина од 4,3 км2 [ 2] Североисточниот дел на атарот се граничи со Србија (Општина Трговиште ).
Историја
На крајот од XIX век Цветишница било мало македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) од 1900 г. Цветишинци имало 140 жители, сите Македонци христијани.[ 3] [ 4]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија . По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 г. во Цветишници имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[ 5]
За време на Првата светска војна Цветишница била во состав на Општина Рамно и броела 69 жители.[ 6]
Стопанство
Според податок од 1998 г. Цветишница има 196 ха обработливо земјиште , 170 ха шуми и 48 ха пасишта .[ 2]
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 107 — 1953 128 +19.6% 1961 141 +10.2% 1971 93 −34.0% 1981 43 −53.8%
Година Нас. ±% 1991 19 −55.8% 1994 30 +57.9% 2002 21 −30.0% 2021 3 −85.7%
Според пописот од 2002 година, во селото Цветишница имало 21 жител, од кои 20 Македонци и 1 Србин .[ 7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци .
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
140
80
107
128
141
93
43
19
30
21
3
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 8] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 9] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 11]
Родови
Цветишница е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 310. ISBN 9989-862-00-1 .
↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика . София: Българското книжовно дружество. стр. 216. ISBN 954430424X .
↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 32“ . Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-09 .
↑ „Попис на Македонија“ (PDF) . Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017 .
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња . Белград.
Надворешни врски
Грбот на Општина Старо Нагоричане Раселени