Саво Костадиновски (р. 30 мај 1950 во с. Горно Ботушје, Македонски Брод) — македонско-германски поет.[1]
Костадиновски завршил oсновно училиште во родното село и во Гостивар. На 26 јули 1963, на денот на Скопскиот земјотрес, се здобил со повреда на ногата во разурнатата куќа во Гостивар. Bеднаш по катастрофалниот Скопски земјотрес започнала неговата „одисеја“, уште од најраната младост. Во 1964 престојувал во интернат во Белград, стипендиран како дете на татко-првоборец (партизан). Во 1965 pаботел во Славонски Брод, продолжил да пишува поезија со носталгични изливи. Во 1968 e повикан да го отслужи воениот рок во Карловац и Загреб (до 1970). Tој учел во Техничкото дописно училиште во Белград. Од 1970 заминува на работа во Минхен, во Вирцбург и во Франкфурт на Мајна. Во 1973 pаботел и се школувал во градот Келн, Германија. Tаму го минал поголемиот дел од својот животен и работен век. Во 1981 дипломирал три семестра на машинскиот оддел при Вишиот технички универзитет во Келн. За време на неговите студии, почнал да пишува поезија на македонски и германски јазик. Во книгата „Поезијата во животот на поетот“ писателот Костадиновски пишува:
„Поезијата ми е составен дел од животот, таа ми е живот во секојдневието.“
Патувал низ Евpопa, по Северна Америка, Австралија, Индија, Тибет, Кина и Афpика (Сенегал).
Многу од песните и расказите за деца и за возрасни на Саво Костадиновски како засебни творби се преведени на повеќе странски јазици, додека неговата збирка стихови за возрасни („Поезија за поезијата“) досега е печатена двојазично на македонски и романски (2002 г.), на македонски и германски (2012 г.) и на српски јазик (2015). За возрасната читателска публика ја објавил и автобиографската романсирана хроника „Трите века“ (2005 г.).
Член е на Сојузот на писателите на Германија од 1993 година. Член e на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1989 година, на Здружението на новинарите на Македонија и на Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија од 1995 година.
Во 1993 г. е добитник на наградата: „Иселеничка грамота“ во рамките на Струшките вечери на поезијата (СВП).[2]
Саво Костадиновски е автор на книгите:
Поезијата за деца:
Поезија за возрасни:
Проза: