Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано под името Маџарлак и имало 19 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 52 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.[3]
По Првата светска војна селото е преименувано во Душановац. Согласно државната политика за колонизирање на Вардарска Македонија, во селото е создадена колонија претежно од доселени Херцеговци.[8]
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 250 жители. Било дел од Општина Асанбегово.[9]
Во 1925 г. на местото на старата трошна црква е изграден храмот „Свети Спас“ („Вознесение Христово“). Во 1992 г. населението почнало да го преградува храмот од темел.[10]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го завел Маџарлик (Madžarlik) како село со нејасен етнички состав.[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци и 50 други жители.[12]
Население
Според последниот попис од 2002 година, Маџари има 12.874 жители.[1]
Следува табелa на националната структура на населението[13]
Маџари е мешана населба, во минатото Маџари било село, но со тек на време станало населба.
Според податоците од 1950-тите родови во Маџари се.
Македонски родови: Косолиовци (12 к.) доселени се од Косово. Се сметаат за многу стари доселеници; Кимовци (9 к.), Грујовци (6 к.) и Златановци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде; Неслатковци (5 к.) доселени се во турско време од Долно Лисиче, таму имаат истоимени роднини, кои се староседелци; Чадлевци (3 к.) доселени се на крајот на 19 век од селото Кадино; Чорбевци (3 к.) и Станковци (9 к.) доселени се од селото Јурумлери; Димковци (3 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Инџиково; Амиловци (2 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Горно Лисиче; Чапкуновци (7 к.) доселени се од соседното селото Ќерамидница; Пацини (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Булачани; Караџини (5 к.) доселени се од селото Галичник, тука живеат од почетокот на 20 век; Корџовци (2 к.) доселени се од Долно Водно; Солњани (2 к.) доселени се од некое од селата Соње кај Водно; Баба Витини (1 к.) доселени се во 1940 година од селото Башино Село кај Велес; Дебрани или Мерџановци (2 к.) доселени се во 1939 година од околината на Дебар; Црногорци (2 к.) доселени се после Втората светска војна од селото Бродец на Скопска Црна Гора; Раштевци или Јовчевци (1 к.) доселени се од селото Раштак; Булачанци (4 к.) доселени се од селото Булачани, тука ги населиле бугарските власти во текот на Втората светска војна; Црешевчани (1 к.) доселени се од селото Црешево; Галичани (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Галичник, гранка се од родот Караџинци; Цветан Четник (1 к.) по потекло од Црешево. Овде населен од бугарските власти во текот на Втората светска војна; Велешани (5 к.) доселени се од Оризари кај Велес; Паланчани (4 к.) доселени се во 1948 година од некое село кај Крива Паланка; Исајловци (1 к.) доселени се од Баница кај Гостивар; Илија Ташак (1 к.) доселен од Скопје.
Српски родови: Ѓуриќи (5 к.), Беатовиќи (4 к.) и Церовиќи (1 к.) доселени се од Херцеговина, овде дошле после 1918 година; Војводиќи (1 к.) доселени се од околината на Прокупље; Кокановиќи (1 к.) доселени се после Првата светска војна од Црна Гора; Радуловиќи (1 к.) не знаат од каде се доселени; Марјановиќи (3 к.) доселени се од некаде од Србија; Митиќи (5 к.) доселени се во 1936 година од околината на Ниш, ги викаат и Нишлији; Пејиќи (2 к.) доселени се во 1936 година од селото Црн Врв во околината на Лесковац; Врањанци (3 к.) доселени се во 1940 година од околината на Врање.
Ромски родови: Еминовци (5 к.), Едиповци (2 к.), Бафтијар (1 к.) и Баба Рефкији (2 к.) доселени се од Јурумлери, во Маџари живеат од околу 1912 година; Џемаил (1 к.) и Абазовци (5 к.) од Долно Лисиче се; Јонуз (1 к.) доселени се од Јурумлери; Сефедин (1 к.) доселени се од Сингелиќ (денес Ченто); Приштинци (1 к.) доселени се од Приштина, Косово.
Останати: Ѓоко (1 к.), Тодор (1 к.), Никола (1 к.) и Иван Козар (1 к.)Руси се, доселени се од Русија, овде живеат од 1938 година; Пепи (1 к.)Словенец, доселен од Словенија, овде е од 1945 година.[18]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.