Станбени објекти во Долно Нерези, 1964 г., подарок од Норвешка по скопскиот земјотрес.
Долно Нерези — скопска населба во западниот дел на Општина Карпош . На југ се граничи со планината Водно , на исток со населбите Жданец , Козле и Тафталиџе 2 , на север со Карпош 4 , додека на запад со реката Вардар , односно населбите Хром и Влае .
Историја
На крајот на XIX век Долно Нерези било село во Скопската каза на Отоманското Царство . Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани .[ 1] [ 2]
На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија . По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.[ 1] [ 3]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.[ 4]
Опшествени установи
Културни знаменитости
Долно Нерези — археолошко наоѓалиште од римско време каде се најдени две латински плочи, од кои едната посветена божицата Деја Сирија (Атаргатис)
Демографија
Според пописот од 2002 година Долно Нерези било попишано со Средно Нерези и заедно имале 12 418 жители.[ 5]
Поврзано
Наводи
↑ 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика . София: Българското книжовно дружество. стр. 205. ISBN 954430424X .
↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.114-116.
↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
↑ „Министерство за Локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“ . Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2017-12-05 .
Надворешни врски
Урбани Грбот на Општина Карпош Рурални