[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Скопје" does not exist|300px|Автокоманда во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Скопје" does not exist]]
Автокоманда
Местоположба на Автокоманда во рамките на Град Скопје
Автокоманда — населба во источниот дел на градот Скопје, на 3 км оддалеченост од центарот на градот, на левиот брег на реката Вардар, од источната страна на парк-шумата Гази Баба, а западно од населбите Камник, Маџари, Триангла и Ченто, северно од Ќерамидница, јужно од населбата Железара и од фабриката Железара. Населбата Автокоманда припаѓа во рамките на скопската градска општина Гази Баба.
Исто така, низ Автокоманда поминуваат и краци од железничката пруга кои водат кон Гевгелија, Куманово, Тетово, кон Фабриката Железара и кон Главната железничка станица Скопје.
Поради сето ова Автокоманда е сообраќаен јазол од голема важност за Скопје.
Индустрија
Општина Гази Баба е втора во Македонија според економската моќ, веднаш зад Општина Центар, со тоа што економијата на Општина Центар во голема мерка ја градат седиштата на банките, додека економијата во Општина Гази Баба е составена воглавно од индустриски гиганти. А речиси сите индустриски капацитети на оваа општина се сместени токму во Автокоманда. Тоа се Пивара Скопје, Фершпед, Алкалоид, Фабрика за чоколадо и вафел Европа, Жито Лукс, ЈСП Скопје, ЕРА Скопски саем, Фабрика за автобуси Скопје (ФАС), Митал стил, Балкан стил, Сковин.
Образовна инфраструктура
Во самата населба постојат следниве образовни установи:
Земјоделскиот Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј,
Хемискиот Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј,
Информатичкиот Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј,
Шумарскиот Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј
Ветеринарниот Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј,
студентскиот дом Стив Наумов,
средношколскиот интернат Томе Стефановски Сениќ.
Општествена инфраструктура
Во непосредна близина на Студентскиот Дом Стив Наумов и Земјоделскиот Факултет се наоѓа црквата Св. Архангел Михаил, храм на Македонската православна црква. Во самиот црковен круг се наоѓаат и гробишта на Британските војници загинати на Македонските простори во текот на Првата светска војна Во близина се наоѓа и парк-шумата Гази Баба која служи за рекреација на населението. Помладите ништо не ги врзува за Домот на Културата Димитар Влахов, но оние кои растеа во периодот 1960-тите до 1990-тите години со невидена носталгија се присетуваат на овој објект кој престана да постои во 2017 година. Во состав на стариот Дом на Култура работеше библиотека и аматерскиот театар „Чекори“, а во минатото имаше и кино со околу 100-тина седишта. Во киното најмногу гледани беа филмови од хонгконгшка продукција (најомилен лик на публиката беше Брус Ли), Индиски филмови, филмови со тематика од Втората светска војна. Во текот на 2017 година домот е урнат и на негово место се гради современ објект во сопственост на приватна компанија која се занимава со музичка продукција.
Самото име Автокоманда е во тесна врска со настанокот на населбата. Имено, по завршувањето на Првата светска војна, војската на Кралството СХС проценила дека овој простор е погоден за стационирање на транспортни единици и на еден дел од денешната населба изградила транспортна база. По завршувањето на Втората светска војна во текот на 1940-тите и 1950-тите години, војската на СФРЈ ја дислоцира оваа база при крајот на 1964. По завршувањето на граѓанската војна во Грција, во Автокоманда им се дава прибежиште на Македонците кои биваат протерани од своите дотогашни домови во Грција. Во населбата Автокоманда масовно се доселуваат протераните со цели семејства. Сосема природно, големиот број новодоселени жители се дочекани студено од староседелците во населбата, и се јавува соперништво кој трае се`до времето на Скопскиот земјотрес. По земјотресот, се гради низ целиот град. Автокоманда го добива сегашниот изглед: изградени се таканаречените Железарски згради во северниот дел на населбата, четирите жолти станбени кули покрај булеварот Александар Македонски, исти такви три кули позади бензинската пумпа, таканаречената Руска зграда кај пазарчето (изградена од владата на тогашен СССР), спортската сала, а во залезот на 1970-тите години е изградена и Воената Кула, наменета за офицерите на ЈНА, воени пензионери и цивили во служба на ЈНА. Во новите згради се доселуваат нови жители, и дотогашното соперништво помеѓу староседелците и протераните од Грција избледува во целост. Денеска старите жители на Автокоманда се вистинска реткост. Во текот на 1980-тите и 1990-тите години се изруши старото гето составено од суб-стандардни бараки кои од жителите на Автокоманда беа цинично наречени Американско Село, и на истото место се изградени зградите позади бензинската пумпа, кои гледаат кон Ветеринарниот Факултет.
Население и структура на население
Населението на Автокоманда се главно (99%) Македонци. Социјалната структура на жителите на Автокоманда е широка, станува збор за главно работничка средина, сопственици на мали и средни бизниси, како и државни службеници од понизок и среден ранг.
Кристијан Наумовски, фудбалер од редовите на ФК Работнички и поранешен играч на ФК Скопје повремен репрезентативец на Република Македонија роден,израснат и сѐ уште е жител на наслебата.
Стево Пендаровски, универзитетски професор, политички аналитичар и кандидат за Претседател на Република Македонија.
Браќата Илија Боцевски и Душко Боцевски кошаркари, репрезентативци на Македонија.
Спорт
Во текот на 1950-тите и 1960-тите години активен е Фудбалскиот клуб МИК (кратенка од „Металска Индустрија Кале„), кој се натпреварува во фудбалски лиги од понизок ранг: Македонска Републичка Лига, Трета Југословенска Лига, а има и играно 2 сезони во Втората Југословенска Лига Исток од кои во првата го освојува шестото место. Подоцна го менува своето име во Фудбалски клуб Скопје, под кое име постои до ден денешен, и се натпреварува во втората лига. Клубот ги доживеа своите ѕвездени мигови во 1990-тите години под спонзорство на Авио-Компанијата Палер Македонија и подоцна под спонзорство на спортскиот менаџер Миленко Неделковски, кога го завршува есенскиот дел од прволигашкиото првенство на прво место. ФК Скопје настапува како кираџија на игралиштето на ФК Металург, популарно наречено Олд Трафорд.
Со изградбата на спортската сала спортскиот живот дополнително се збогатува, се создаваат и нови спортски клубови кои го носат името Скопје:
Кошаркарски клуб Скопје: Кошаркарскиот клуб Скопје наскоро по основањето добива генерален спонзор и го менува своето име во КК МЗТ Скопје. Во почетокот на 1980-тите се гради населбата Нов Аеродром (денес позната под името населба Јане Сандански), а спонзорот МЗТ таму гради сопствена спортска сала и КК МЗТ Скопје се сели таму, а Автокоманда останува посиромашна за еден прекрасен спортски колектив.
Химна
Автокоманда е населба којашто има своја химна. Песната е испеана од навивачите на ФК Скопје и на КК МЗТ Скопје во текот на 1970-тите години и е веднаш прифатена како неофицијална Химна на Автокоманда, и е сѐ уште актуелна :
„
Ееј, тра ла ла лај, Автокомандо
Автокомандо земјо знај
во тебе е како во рај
ти ги носиш овие момци
што ти носат победи.
“
Навивачка група Пирати
Во солисна бројка за една населба , на возраст 18-50 години, и многу верни следбеници на своите миленици ФК Скопје и РК Металург. Гордо ѝ пркосат на очигледната доминација на поголемите навивачки групи и се една од најдобрите и најлојалните навивачки групи во Република Македонија.