Градец (Кривопаланечко)

Градец

Поглед на маалата Марковци, Петковци и Градаци на селото Градец

Градец во рамките на Македонија
Градец
Местоположба на Градец во Македонија
Градец на карта

Карта

Координати 42°13′4″N 22°15′43″E / 42.21778° СГШ; 22.26194° ИГД / 42.21778; 22.26194
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 283 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1330
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15011
Надм. вис. 862 м
Градец на општинската карта

Атарот на Градец во рамките на општината
Градец на Ризницата

Градец — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба

Кокалско Маало на селото Градец

Селото се наоѓа во областа Славиште, речиси во средишниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, недалеку во западен правец од самиот град Крива Паланка, на оддалеченост од околу 4,4 километри. Од тие причини, селото припаѓа на рурбалната зона на градот.[2] Селото е ридско и од раштркан тип, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 680 до 1.000 метри.[2]

Селото се наоѓа во близина на градот Крива Паланка, северозападно од него. Се протега на пространо нерамно земјиште, главно во сливот на малата Градечка Река, десна притока на Крива Река. Околни села се Лозаново на исток, Осиче на североисток и Габар и Т’лминци на запад.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Оров Рид, Градиште, Слепча Чука, Градечка Река, Пушкарски Рид, Солиште, Милева Нива, Могилица или Собориште, Милевски Чуки, Петровска Чука и други.[3]

Селото има особен разбиен тип. Се дели на Долен и Горен Градец. Многу од самите маала се поделени на помали групи на куќи, кои една од друга се доста издвоени.[3]

Поделеност на селото Градец
Дел Маало Бр. на куќи
Горен Градец Милевско 24
Пушкарско 28
Метковско 23
Крстовско 21
Долен Градец Грујинско 26
Мажничко 21
Кукајско 21

Историја

Во горниот северен дел на селото се издигнува височинката Градиште, на која се верува дека постоела тврдина, веројатно од римско време. Во југозападниот дел на селото се сретнуваат месностите Селиште или Подградиште. Кај Селиште се сретнуваат старини, како ѕидови од некогашни куќи, стари гробови, големи врчви, грниња, воденички камења и слично. Сепак, не се спроведени сериозни археолошки истражувања во областа.[3]

Повеќе автори наведуваат во средновековниот период, главно средиште на областа било селото Градец. Од житието на Свети Јоаким Осоговски, кој живеел крајот на XI и почетокот на XII век, може да се дознае дека во селото имало жупан. Меѓутоа, нема никакви податоци за судбината на таа населба.[3]

Маалата Милевци, Петковци и Крстовци се смета дека биле основани од тројца браќа.

Денешното село Градец е населено од македонски родови, доселено главно во XVIII век. Најстари се родовите кои живеат во Горен Градец, а нешто подоцна се населиле и родовите во Долен Градец.[3]

Во XIX век, Градец било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот е голем и зафаќа простор од 23,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.041,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 739,5 хектари, а на шумите 225 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Површината на Градец со голи ридови, на кои има мала шума, мештаните главно ја користат за овоштарство. Најмногу преовладуваат сливите, јаболката и крушите. Поради непогодноста на почвата, мештаните за свои потреби одгледувале компир, ’рж, овес, а во многу помали количини пченица и пченка.

Населението, исто така, се занимава со ситно сточарство, односно одгледување за сопствени потреби на овци, говеда и живина.

Поради ова, населението главно работело надвор од селото, како рудари и градежници.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.205—    
19531.375+14.1%
19611.356−1.4%
19711.069−21.2%
1981693−35.2%
ГодинаНас.±%
1991455−34.3%
1994422−7.3%
2002318−24.6%
2021283−11.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градец имало 1.330 жители, од кои 1.290 Македонци и 40 Роми.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Градец имало 1.120 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

По Првата светска војна селото било средиште на истоимената општина и имало 1.130 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.200 Македонци.[7]

Од селото се иселил значителен дел на населението, но населеноста е уште добра. Во 1961 година броело 1.356 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 422 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Градец живееле 318 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 283 жители, од кои 266 Македонци, 1 Србин, 3 останати и 13 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.330 1.120 1.205 1.375 1.356 1.069 693 455 422 318 283
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Градец е македонско село, населено со македонски родови, кои се доселиле во XVIII век. Ниеден род не знае од каде се доселени.[3]

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

  • Горен Градец: Пушкарци (28 к.), Милевци (24 к.), Петковци (23 к.) и Крстевци (21 к.).
  • Долен Градец: Грујевци (26 к.), Мазници (21 к.) и Кукајци (21 к.).

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:[14]

  • Староседелци: Грујинци (7 к.), Вучковци (6 к.), Цветановци со Спасевци (2 к.), Ѓоргинци (2 к.), Бошковци (3 к.), Спасевци (2 к.), Воденичарци (1 к.), Баба Спасинци (2 к.), Алексинци (1 к.), Баба Станини (1 к.), Шарковци (1 к.), Пешинци (2 к.), Мендис или Симоновци (1 к.), Величковци (3 к.), Аврамци (1 к.), Стоилковци (1 к.), Коза или Павловци (1 к.), Милудиновци (2 к.), Беговци (1 к.), Пискинци (3 к.), Величковци втори (1 к.), Протогерци (1 к.), Качарци (2 к.), Куларци (3 к.), Камиљаци (2 к.), Коритарци (5 к.), Марковци (1 к.), Цветановци втори (2 к.), Ристовци (4 к.), Наставинци (1 к.), Пандаци (3 к.), Ѓошинци (4 к.), Симоновци (2 к.), Јаковци (3 к.), Ѓошинци Втори (1 к.), Павловци (2 к.), Стаменковци (1 к.), Мечкарци (3 к.), Дунковци или Митовци (4 к.), Казалбашовци (2 к.), Огорелци (1 к.), Вучевци (2 к.), Гаџарци (2 к.), Карадаци (4 к.), Грци (4 к.), Булутарци (1 к.), Милевци или Цупарци (22 к.), Петковци (8 к.), Дедо Марковци (7 к.), Самарџијци (4 к.), Величковци трети (2 к.), Саизовци (1 к.), Орозанци (1 к.), Шобанци (1 к.), Шијаци (2 к.), Коларци (1 к.), Мачиште (1 к.), Шољковци (2 к.), Ѓоргинци втори (1 к.), Пешинци втори (4 к.), Кордевци (5 к.) и Банговци (1 к.).
  • Доселеници: Гољовци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Подржи Коњ и Бучкинци (2 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Конопница.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било средиште на тогашната општина Градец, во која покрај селото Градец, се наоѓале и селата Габар и Осиче. Општината Градец постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0973 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 256 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Градиште — римска населба, сместена на висок карпест рид во најсеверниот дел на селото. Не постојат потврдени археолошки истражувања.
Цркви[17]
Испоснички пештери

Во XI век на просторот на Градец престојувал светецот Свети Јоаким Осоговски во испосништво во една пештера (испосница), пред да стане ктитор на манастирот кој го носи неговото име. Пештерата се наоѓа во ридовите над црквата „Свети Никола“ во село Градец.

Редовни настани

  • Духовден — вториот ден на овој празник се слави како селска слава. Првиот ден се посетува селската црква, додека вториот ден се собираат на месноста Могилица, покрај Милевско Маало. Третиот ден се посетува местото Ан во Грујинско Маало.

Иселеништво

Од ова село има иселеници во огромен број. Калинци (4 к.), Николовци (3 к.) и Јовановци (1 к.) се иселени во селото Варовиште. Пушкарци (6 к.) се иселени во селото Дрење. Градчанци (2 к.) се иселени во селото Т’лминци. Тукарци (4 к.) се иселени во Трговиште во Србија. Стојче се иселил во селото Преод во Овче Поле. Гарчанци (3 к.) и Кукалци (2 к.) се иселиле во селото Лопате кај Куманово. Американци (2 к.) се иселиле во селото Клечевце кај Куманово. Градчанци (3 к.) се иселиле во селото Јачинце кај Куманово.

Уште иселеници има во Умин Дол кај Куманово, Облешево (четири семејства) кај Кочани, Горобинци, Мустафино и Свети Николе во Овче Поле, Потоа во селото Аргилци кај Штип. Во поедини скопски села (Мршевци). Во уште некои кумановски села. Во областа Банат во Војводина (Јабука, Качарево, Глогоњ) и во Крива Паланка (околу 30 семејства).[3]

Галерија

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 84. Посетено на 19 мај 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 273–275.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 30“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-11.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 мај 2019.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 20 мај 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-11-24. Посетено на 20 мај 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!