Поглед на Варош со Прилепско Поле
Варош или Марков Град — најстарата населба во Општина Прилеп, која преку пат на конурбација е споено со градот Прилеп, така што денес претставува негова населба.
Населбата се наоѓа северозападно од центарот на Прилеп. Се наоѓа на периферијата на Прилеп, во подножјето на Марковите Кули, на надморска височина од 680-700m.
Населението во Варош е во постојан пораст. Според некои податоци во 1900 г. во Варош живеат 1380 жители.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Варош се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 210 куќи.[4]
Од пописите од 1981 и 1991 се гледа дека во Варош живееле 3175, односно 3274 жители. Според последниот попис од 2002 година, населбата Варош брои 3458 жители, од кои:[1]
Во Варош се наоѓа подрачното училиште „Блаже Конески“ во кое се изведува настава од 1 до 5 одделение.[5]
Во селото постојат избирачките места бр. 1443, 1444 и 1445 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.286 гласачи.[7]
Според едно предание, во Варош некогаш постоеле 77 цркви.[8] Денес во Варош сочувани се шест цркви и тоа: Варошкиот Манастир со црквата „Св. Архангел Михаил“, „Св. Никола“, „Св. Богородица Пречиста“, „Св. Атанасиј“, „Св. Петар“ и „Св. Димитрија“.[9]
Голем Петок (првиот петок после Велигден) се смета како Варошка слава и се одржува голем панашѓур под Варошкиот манастир.