Бургенланд (поранешен округ)

Бургенланд
Burgenlandkreis

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
Укинат2007-07-01
СедиштеНаумбург
Површина
 • Вкупна1,040,91 км2 (401,90 ми2)
Население (2000)
 • Вкупно143,340
 • Густина140/км2 (360/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BLK
Мреж. местоburgenlandkreis.de

Бургенланд (германски: Burgenlandkreis) — поранешен округ на југот на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север во насока на стрелките на часовникот) Мерзебург-Кверфурт, Вајсенфелс, Лајпциг, Ашерслебен-Штасфурт, Алтенбург, Грајц, урбаниот округ Гера, Зале-Холцланд, Вајмар, Земерда и Кифхојзер.

Историја

Округо бил основан во 1994 година, кога окрузите Наумбург, Небра и Цајц биле припоени.

Географија

Главни реки во округот биле Зале и нејзината притока Унштрут, и исто така на југот на округот Вајсе Елстер. Највисоката точка е Зелигенборнберг (355 м), најниската точка е во долината на Зале, во близина на Гозек (97,8 м).

Грб

Грбот на округот Грбот прикажува градски ѕид во долниот дел, симболирајќи ги многуте замоци во округот, од кои го добил и името. Шестте зрна грозје ја симболизираат винската култура во областа околу Фрајбург, една од најсеверните вински области во Европа. Мечот и клучот на врвот се симболи за Св. Петар и Св. Павле, патроните на катедралите во Наумбург и Цајц. Овие два симбола се земени од грбот на округот Цајц, кога тој е припоен во Бургенланд.

Градови и општини

Градови Заедница на општини Слободни општини
  1. Наумбург
  1. Ан дер Фине (вкл. ги градовите Бад Бибра и Екартсберга)
  2. Бад Кезен (вкл. го градот Бад Кезен)
  3. Дројсигер-Цајцер Форст
  4. Унштрутал (вкл. ги градовите Фрајбург, Лауха и Небра)
  5. Ветаутал (вкл. ги градовите Остерфелд и Штесен)
  6. Цајцер Ланд (вкл. го градот Цајц)
  1. Елстерауе

Поврзано

Надворешни врски

51°10′N 11°45′E / 51.17° СГШ; 11.75° ИГД / 51.17; 11.75

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!