Штендал (германски: Stendal) — округ во североисточниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) Јерихов, Берде, Алтмарк Залцведел, округот Лихов-Даненберг во Долна Саксонија и окрузите Пригниц, Источен Пригниц-Рупин и Хафеланд во Бранденбург.
Историја
Во административната реформа од 1994, претходниот округ Штендал бил споен со окрузите Остербург и Хафелберг.
Географија
Округот се наоѓа во регионот Алтмарк. Највисоката точка е на 132,8 метри Landsberg. Главни реки во округот се Елба и Хафел.
Партнерства
Во 1990 било започнато пријателство со рускиот округ Јарцево, кое прераснало во пријателство во 1996.[1] Во 1994, била започнато партнерство со литванскиот округ Мажејкјај. Други партнерства има со округот Липе во Северна Рајна-Вестфалија и шведската општина Воргорда и со градовите Плоцк (Полска), Хавиржов (Чешка), Салдус (Летонија), Паида (Естонија) и Карлсхамн (Шведска).[1]
Грб
Црвениот орел во левата половина на грбот е симболот на Бранденбург, претставувајќи ја историската врска на Алтмарк како дел од Бранденбург. Исто така и за округот Хафеланд. Златниот трефол со три дабови листови го симболизира стариот округ Штендал и бил земен од грбот на семејството Бизмарк. Трите златни дијаманти на црна позадина доаѓаат од грбот на војводите од Остербург, претставувајќи го поранешниот округ Остербург.
Градови и општини
Округот Штендал се состоел од следниве административни единици:[2]
Наводи
Надворешни врски
52°41′N 11°51′E / 52.683° СГШ; 11.850° ИГД / 52.683; 11.850