Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Хетштет и Ајслебен. Овие биле наследници на Mansfelder Gebirgskreis (планински округ Мансфелд) и Mansfelder Seekreis (езерски округ Мансфелд), кои биле преименувани по Втората светска војна.
Градот Ајслебен е познат како родно место на Мартин Лутер.
Географија
Округот се наоѓа во јужните падини на планината Харц.
Грб
Горниот лев дел од грбот го покажува грбот на грофовите од Мансфелд. Хоризонталните линии се симбол на Кверфурт, додека дијамантите се оригинален симбол на грофовијата Мансфелд. Двата симболи биле комбинирани кога Бурхард фон Кверфурт станал гроф на Мансфелд. Рударските алатки како и рибата во десната половина - се преземени од грбот на Мансфелдер Зекрајс - претставувајќи ја индустријата на округот, како и природата. Дрвото во долниот лев дел ја претставува природата во округот и бил преземен од грбот на Мансфелдер Гебиргскрајс.