Населението е мало. Културниот пејзаж во рамките на Северноевропската низина е рурален и главно прекриен со шуми и полиња. Најголеми градови се Штендал, со население од 39.000 и Залцведел.
Најпозната личност, која потекнува оттука е канцеларот Ото фон Бизмарк, роден во Шенхаузен, во Алтмарк, на 1 април 1815.
Реки и езера
Регионот е поделен од Елба, на која ѝ се придружува Хафел кај Хафелберг и нејзините леви притоки Милде-Бизе-Аланд и реката Јецел.
Алтмарк се наоѓа надвор од главните сообраќајни правци. Bundesautobahn 14 води до Bundesautobahn 2 од Хановер до Берлин, меѓутоа завршува на север од Магдебург. Продолжувањето низ Алтмарк, па сè до Шверин е веќе испланирано. И покрај тоа, сојузните автопати B71, B107, B188, B189, B190, B248 поминуваат низ регионот.