Шенебек (округ)

Шенебек
Schönebeck

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
Укинат2007-07-01
СедиштеШенебек
Површина
 • Вкупна460,51 км2 (177,80 ми2)
Население (2002)
 • Вкупно75,321
 • Густина160/км2 (420/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SBK
Мреж. местоlandkreis-schoenebeck.de
Поглед кон центарот на Шенебек

Шенебек (германски: Schönebeck) — поранешен округ во средишниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Се граничел со окрузите (од север надесно), слободниот град Магдебург, окрузите Јерихов, Анхалт-Цербст, Кетен, Бернбург, Ашерслебен-Штасфурт и Берде.

Историја

Округот бил основан на 1 јули 1816, со главниот град Калбе и така бил именуван Landkreis Calbe. Во 1946, Шенебек станал слободен град, но бил припоен во округ во 1950 и станал ново административно седиште. Исто така, бил преименуван во Landkreis Schönebeck.

Географија

Главните реки во округот се Елба и Зале. Околината претежно е рамна Magdeburger Börde. Висината на округот се движи помеѓу 43 и 123 метри надморска височина.

Партнерства

Во 1991, округот започнал пријателство со Јарославскиот Округ во Полска, кое било продлабочено во партнерство во 2001. Друго пријателство е остварено со округот Витмунд во Долна Саксонија.

Грб

Грб Грбот ги покажува двете главни реки во округот и нивното соединување. Трите кули на замокот ги симболизираат трите града во округот. Грбот бил донесен на 10 октомври 1991, заменувајќи го стариот грб, кој бил многу сличен - единствено прикажувајќи го замокот со една кула.

Градови и општини

Градови Заедница на општини
  1. Калбе
  1. Елба-Зале (вкл. го градот Барби)
  2. Шенебек (вкл. го градот Шенебек)
  3. Зидлихе Берде
  4. Зидестлихес Берделанд

Надворешни врски

52°0′N 11°45′E / 52.000° СГШ; 11.750° ИГД / 52.000; 11.750

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!