Оваа статија се однесува на сојузната покраина во Австрија. За останатите места со тоа име, погл.
Градиште.
Градиште или Бургенланд (германски: Burgenland; хрватски: Gradišće, словенечки: Gradiščanska, унгарски: Várvidék) — една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот источен дел. Зафаќа површина од 3.966 квадратни километри и тука живеат околу 285.000 жители. Главен град е Ајзенштат (Железно).
Местоположба
Градиште го зазема источниот дел на Австрија. Се граничи со:
Географија
Со површина од 3.966 квадратни километри, Градиште е една од помалите покраини во Австрија. Според релјефот, поголемиот дел е во склоп на Панонската Низина, а мал дел на запад е во склоп на планинскиот венец на Алпите. Климата е претежно континентална. Водите ги застапуваат многу реки и езера, меѓу кои најпознато е Нежидерското Езеро, на границата со Унгарија.
Население
Со над 285.000 жители и густина на населеност од 72 жит./км2 Градиште е последна по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но има и значителен број на Хрвати и Унгарци. Во последните години има и многу доселеници од другите поранешни југословенски републики и од Турција, но не толку како во останатите делови на Австрија.
Наводи
Надворешни врски