14. Светско првенство во атлетика беше одржано во Москва, Русија од 10 до 18 август 2013. Првенството беше одржано на олимпискиот Стадион Лужники кој е со капацитет од 78,360 места.
За првпат по 2001 година, Русија застана на врвот на табелата на медали, освојувајќи седум златни медали, додека пак САД беа најодликувана нација на првенството со вкупно освоени 25 медали.
Јусејн Болт и Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка беа најуспешни спортисти на првенството со освоени три златни медали. Со освоените три златни медали, Болт влезе во историјата како најуспешен спортист на светските првенства со вкупно освоени 8 златни и 2 сребрени медали.
Откако поминал рокот за поднесување на пријава за организирање на првенството на 1 декември 2006, четири градови (Барселона, Бризбејн, Москва и Гетеборг) влегле во трката за град домаќин на првенството .[2] Еден месец подоцна, Гетеборг ја повлекол својата кандидатура, наведувајќи недостиг на финансиска поддршка од Шведската влада.[3] Светската атлетска федерација (IAAF) на конгресот во Момбаса, (Кенија) на 27 март 2007 објавила дека градот Москва ја добил организацијата на првенството.[4] Претходно градот бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 и на Светското првенство во атлетика во сала 2006.[2]
Јусејн Болт од Јамајка се искачи на врвот на табелата на медали на сите времиња со освојувањето на трите златни медали. Тој победи на трките на 100 метри, 200 метри, како и на штафетната трка на 4x100 метри, каде штафетниот тим на Јамајка забележа победа над тимот на САД. По освоениот трет златен медал, Болт влезе во историјата со вкупно освоени 8 златни и 2 сребрени медали, поминувајќи го резулатот на Карл Луис од 8 златни, 1 сребрен, и 1 бронзен медал.[5] Џехју Гордон од Тринидад и Тобаго успеа да го освои златото пред Мајкл Тинсли за само една стотинка на трката на 400 метри со пречки. Ова беше прв златен медал за Тринидад и Тобаго по 1997 година. Емир Бекриќ го освои бронзениот медал, поставувајќи нов национален рекорд на Србија. Феликс Санчес, натпреварувајќи се за Доминиканската Република, исто така се пласира во финалето на 400 метри со пречки, забележувајќи го своето седмо финале по ред на светските првенства.
Британецот Мо Фарах забележа победи на трките на 5,000 и на 10.000 метри, со што стана само вториот човек во историјата кој ги овоил двете злата и на светските првенства и на олимписките игри. Единствен човек кој претходно тоа го имаше сторено беше Кенениса Бекеле од Етиопија.[6] Стивен Кипротич од Уганда ја прекина серијата на Кенијците која траеше од 2005 година, и успеа да го освои златото на маратонската трка. Етиопијанците Лелиса Десиса и Тадесе Тола завршија на второто и третото место редоследно.[7]
AR Рекорд на ареата| CR Рекорд на првенството | NR Национален рекорд | OR Олимписки рекорд | PB/PR Личен рекорд | SB Најдобро сезонава | WL Најдобро во светот (во дадена сезона) | WR Светски рекорд * Спортист кој настапил само во квалификациите и освоил медал.
Во дисциплината скок во височина, украинецот Богдан Бондаренко постави нов рекорд на првенствата со прескокнати 2.41 м и успеа да се закити со златниот медал. Мутаз Еса Баршим од Катар го освои сребрениот медал, додека пак Дерек Друин постави нов национален рекорд на Канада освојувајќи го бронзениот медал.[8] Французинот Теди Тамго успеа да го освои златниот медал во дисциплината трискок, со прескокнати 18.04 метри, и влезе во историјата на оваа дисциплина како трет спортист кој успеал да ја скокне границата од 18 метри.
AR Рекорд на ареата| CR Рекорд на првенството | NR Национален рекорд | OR Олимписки рекорд | PB/PR Личен рекорд | SB Најдобро сезонава | WL Најдобро во светот (во дадена сезона) | WR Светски рекорд
Шели-Ен Фрејзер-Прајс стана првата атлетичарка во историјата на светските првенства која успеала да ги освоите сите медали од спринтерските дисциплини. Таа заедно со штафетниот тим на Јамајка на 100 метри забележа нов рекорд на првенствата со резултат 41.29 секунди. Претходно, Фрејзер-Прајс успеа да се закити со златните медали на трките на 100 и 200 метри.[5] Во финалето на 200 метри, олимписката шампионка Алисон Феликс не ја заврши трката поради повреда на бутниот мускул. Во истата трка, фото-финишот одлучи дека Мјуриел Ахуре го добива сребрениот медал, пред бронзената Блесинг Окагбаре, откако двете атлетичарки трката ја завршија со идентичен резултат.[6]
Британката Кристин Охурогу победи на трката на 400 метри со нов национален рекорд од 49.41. Таа успеа да ја победи бранителката на златото Амантле Монтшо од Боцвана за само 4 илјадити делови од секундата во фото-финиш.[9] Зузана Хејнова го освои златото на трката на 400 метри со пречки и постави нов национален рекорд на Чешка. Јунис Сум од Кенија, ја освои својата прва голема титула, победувајќи ја олимписката шампионка Марија Савинова во трката на 800 метри.[5]
Русинката Татјана Лисенко го освои златото во дисциплината фрлање кладиво постигнувајќи нов рекорд на светските првенства како и нов национален рекорд.[6] Катерин Ибаргуен и го донесе на Колумбија првото злато од светските првенства во атлетика, победувајќи во дисциплината трискок. Кристина Обергфел од Германија го освои своето прво светско злато во дисциплината фрлање копје.[5]