13. светско првенство во атлетика е меѓународно атлетско натпреварување, кое се одржa во Тегу, Јужна Кореја од 27 август до 4 септември 2011.
САД освои најмногу медали во првенството, со 25 (12 злата, 8 сребра и 5 бронзи) За време на натпреварувањето беа поставени 41 национални, 4 регионски, 3 шампионатски и 1 светски рекорди.
Светското првенство во атлетика 2011 се одржа на стадионот Тегу е испробана градба и беше домаќин на успешните Светско првенство во фудбал 2002, 22ра Светска Универзијада (2003). Патеките на овој стадион се сместени во класа 1 од ИААФ во 2003.
Тефлонскиот покрив, кој го замени традиционалниот кров од Корејските куќи, обезбедува природна светлина и оптимален хоризонт. Понатаму, електронскиот семафор со висока дефиниција ќе им овозможи на гледачите да го гледаат Првенството со возбуда од секое место од стадионот.
Спортскиот комплекс се состои од стадион за подготовки, вклучувајќи и стадион само за фрлачките настани блиску до главниот стадион, на кој ќе се промовираат напредоците на перформансите на атлетите, како што се Атлетскиот Промоционен Центар и стадионот за бејзбол.
Натпреварите во машка конкуренција завршија со светски рекорд на 4 x 100 метри штафета поставен од Јамајка и неколку резултати, кои се најдобри оваа сезона. Јамајка доминираше во спринтерските дисциплини, додека Кенија на долгите патеки. Во натпреварите во поле, САД и Германија беа нјуспешни, освојувајќи четири и три златни медали соодветно. Јохан Блејк и Јусејн Болт, Двајцата од Јамајка, освоиа 2 злата, со што беа најуспешните атлетичари во машка конкуренција.
Во финалето на 100 метри фаворитот Јусејн Болт беше дисквалификуван поради ран старт, овозмувајќи на Јохан Блејк да победи со доста бавни 9.92 s. Но во 200 метри Болт ја покажа доминацијата на трката, победувајќи со најбрзото време кое не било светски рекорд со 19.40 s. Тие двајцата трчаа во штафетата 4 x 100 метри, и поставија нов светски рекорд со време од 37.04 s. Долгата дистанца 10,000 метри беше истото така засенета од разочарувачкиот настап на Светскиот Шампион, Кенениса Бекеле, кој не ја заврши трката. Светскиот рекордер на 800м, Дејвид Рудиша, победи на натпреварот и го доби својот прв златен медал на Светските Првенства. На последниот ден, Кениецот Абел Кируи стана првиот маратонец кој ја одбранил титулата на следното Светско Првенство.
Во натпреварите на поле сите натпревари имаа нови победници, освен во скок во далечина, каде Двајт Филипс стана само вториот човек после Иван Педросо кој освоил четири злата на Светските Првенства во скок во далечина.
AR Рекорд на ареата| CR Рекорд на првенството | NR Национален рекорд | OR Олимписки рекорд | PB/PR Личен рекорд | SB Најдобро сезонава | WL Најдобро во светот (во дадена сезона) | WR Светски рекорд * Тркачи кои учествувале само во прелиминациите и добиле медали.
AR Рекорд на ареата| CR Рекорд на првенството | NR Национален рекорд | OR Олимписки рекорд | PB/PR Личен рекорд | SB Најдобро сезонава | WL Најдобро во светот (во дадена сезона) | WR Светски рекорд
Русија доминираше на натпреварите во женска конкуренција, освојувајќи седум злата, додека зад неа беа САД со шест. Најуспешна жеснка атлета беше Алисон Феликс, која освои по еден од сите медали. На првиот ден од Првенството, атлетите од Кенија направија одличен перформанс, освојуваќиги сите шест медали, во двата настани. Кенија исто така доминираше на натпреварите на долга дистанца, додека Јамајка и САД во спринтерските. Во натпреварите на поле, Русија ја докажа доминацијата, освојувајќи четири златни медали.
1943 атлети од 202 тимови учествуваат во Светско првенство во атлетика 2011.[1]