Нов Вети Пазар (грчки : Αξός , Аксос ; до 1956 г. Νέο Παλαιό , Нео Палео [ 2] ) — село во Ениџевардарско , Егејска Македонија , денес во општината Постол на Постолскиот округ во Централна Македонија , Грција .
Географија
Селото се наоѓа на надморска висина од 40 м во Солунското Поле . Лежи на 5 км западно од градот Пазар (Ениџе Вардар).[ 3]
Историја
Селото е основано од грчки доселеници од Понд (Турција) во 1924 г. под името Нео Палео , т.е. Ново Старо Село — гръцкото име на Вети Пазар .[ 3] [ 4] Во 1928 г. заедно со Вети Пазар имало 894 жители.[ 3]
Места во заедницата Нов Вети Пазар преименувани со службен указ на 6 август 1969 година
Име
Име
Ново име
Ново име
Опис
Папреш[ 5]
Πάπρες
Фтери
Φτέρη[ 6]
месност на ЈЗ од Нов Вети Пазар и на СЗ од Балџа [ 5]
Караково[ 5]
Καράκοβας
Маврохома
Μαυρόχωμα[ 6]
месност на Ј од Нов Вети Пазар[ 5]
Ескиџе[ 5]
Έσκιτζέ
Палио
Παληό[ 6]
возвишение на СИ од Нов Вети Пазар (95 м)[ 5]
Сек Дере[ 5]
Σέκ Ντερέ
Ксерорема
Ξερόρεμα[ 6]
река на И од Нов Вети Пазар (95 м)[ 5]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
1117
1372
1459
962
1111
1976
1442
1197
Извор за 1940-1991 г. : Т. Симовски , Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Земјата е мошне плодна бидејќи селото е рамничарско и почвата добро се наводнува. Се одгледуваат овошје и жито , а развиено е и краварството .[ 3]
Наводи
↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“ . Државен завод за статистика на Грција.
↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“ . Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021 .
↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF) . I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 75. ISBN 9989-9819-5-7 .
↑ Пондохори на страницата на општината Кир , Архивирано од изворникот на 14 јануари 2010, Посетено на 2010-01-27
↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF) . Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1071. 1969.