Селото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Гида, на помалку од пет километри северозападно од селото Голем Алабор, во чија опшштинска единица и се наоѓа, на надморска височина од 11 метри.[2]
Сместено е во областа Урумлак, на левиот брег на реката Бистрица.
Историја
Иако К’нчов го спомнува со 65 жители Македонци, а истото го прави и Бранков.[2]
По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Мало Нишел била мешана населба со 13 бегалски семејства со вкупно 50 жители.[3]
Стопанство
Населението главно се занимава со земјоделство, а основни производи на селото се памукот, гравот и пченицата.[2]
Селото во 1913 година било забележано со 84, а во 1920 година со 100 жители. Бидејќи било чифлигарско, тука по 1923 година биле населени и 13 бегалски семејства со вкупно 50 жители. Така, селото станало мешано и во 1928 година било забележано со 103 жители (во меѓувреме некои од месните жители го напуштиле). Во 1940 година биле попишани 169, во 1951 година 180, во 1961 година 192, во 1971 година 205, во 1981 година 189, а во 1991 година 155 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 157 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 137 жител.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
339
531
395
260
359
317
366
281
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голем Алабор, во кој покрај Мало Нишел влегуваат и селата Мал Алабор и Голем Алабор.