Селото се наоѓа на дваесетина километри североисточно од градот Бер, исто толку километри јужно од Ениџе Вардар и четири километри западно од градот Гида, крај главниот пат од Гида за Бер, на надморска височина од 14 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 9 квадратни километри.
Жителите на Решани, како и на другите околни села, по народност се Грци или погрчени Македонци.[3]
По Првата светска војна во 1922 година во селото се населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото станало мешани со 46 бегалски семејства со вкупно 174 жители.[4] Во 1927 година селото е преименувано во Врисаки (Βρυσάκι).
Стопанство
Селото е доста богато, бидејќи земјиштето е многу плодно и дава високи приноси. Основни земјоделски производи се памукот и шеќерната репка.[3]
Во пописот од 1913 година во селото се забележани 11 жители. Во 1920 година, Решани имало 127 жители, меѓу кои и бегалци, бидејќи тука непосредно по Балканските војни биле населени бегалски семејства со 174 жители. Во 1928 година селото имало 292 жители, а во 1940 година бројот на жителите пораснал на 533, благодарение на исушувањето на Ениџевардарското Блато и ослободувањето на нови обработливи површини, со што се создале можности да се населат и други, претежно бегалски семејства. Решани во 1951 година имало 557, во 1961 година 638, во 1971 година 629, во 1981 година 615, а во 1991 година 700 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 716 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 669 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
533
557
638
629
615
700
716
669
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Решани, во кој е единствено село.