Селото се наоѓа на дванаесет километри североисточно од градот Бер и на петнаесет километри југозападно од градот Гида, во непосредна близина на реката Бистрица и на железничката пруга што води од Солун до Бер, на надморска височина од 23 метри.[2]
Неговите жители уште од постаро време биле Грци.[2]
По Првата светска војна во 1922 година, во селото се населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото имало 17 бегалски семејства со вкупно 50 жители.[3].
Стопанство
Благодарение на тоа што се наводнува од системот за наводнување изграден од реката Бистрица, земјата е многу плодна. Основни производи се памукот и шеќерната репка, додека сточарството, поради ограничените пасишта, е слабо развиено.[2]
Во 1913 година е споменато со 142, а во 1920 година со 131 жител. По 1923 година биле сместени и 17 бегалски семејства со 50 жители, така што селото во 1928 година како мешана населба пораснало на 173 жители. Во 1940 година биле попишани 242, во 1951 година 277, во 1961 година 285, во 1971 година 237, во 1981 година 280, а во 1991 година 227 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 206 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 206 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
242
277
285
237
280
227
206
206
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Шеразмен, во кој покрај селото Расоманик се наоѓа и селото Шеразмен.