Селото се наоѓа на помалку од три километри северозападно од градот Гида, на надморска височина од 6 метри.[2]
Сместено е во областа Урумлак. Во минатото селото се наоѓало на јужниот брег на пресушеното Ениџевардарско Езеро во 1930-тите години.
Историја
Селото, како и сите околни села, во минатото било населено со грчко население.[2]
По Првата светска војна во 1922 година во селото се населиле грчки бегалци. Во 1928 година, Шкинат било мешана населба со 16 бегалски семејства со вкупно 60 жители.[3].
Стопанство
Селото е прилично богато. Неговото население се занимава со земјоделство, а основно производи се памукот и шеќерната репка, но се произведува и многу грав, пченица, детелина и други земјоделски производи.[2]
Во пописот од 1913 година во селото биле забележани 228, а во 1920 година 279 жители. По 1923 година во селото биле населени и 27 бегалски семејства со вкупно 130 жители. Така, Шкинат станала мешана населба која во 1928 година имала 401, во 1940 година 584, во 1951 година 677, во 1961 година 687, во 1971 година 575, во 1981 година 552, а во 1991 година 419 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 408 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 390 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
584
677
687
575
552
419
408
390
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гида, во кој покрај градот Гида, влегуваат и селата Шкинат и Големо Нишел.