Урумлак (грчки: Ρουμλούκι, Румлуки) — историско-географска област во Егејска Македонија, сместена по долното течение и делтата на реката Бистрица.
Областа се граничи на север со подрачјето на неокгашното Ениџевардарско (Пазарско) Езеро и преку него, со областа Бојмија, на исток преку реката Колудеј со областа Вардарија, а на запад со областа Сланица. Урумлакот опфаќа околу 40 села на територијата на денешните општини Гида и Бер.
Во релативно поновиот период од историјата, населението на Урумлакот станало грчко, за разлика од трите области на север, запад и исток, кои останале населени со Македонци.[1][2] Во превод од турски, Урумлак значи грчка област.
За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија селата во Урумлакот, заедно со градовите Негуш и Бер биле главни бази на грчките чети кои се бореле против оние на ВМОРО, на чело со војводата Апостол Петков во подрачјето на Ениџевардарското Езеро.[3][4]
-
Невестинска носија от Урумлакот
-
Моминска носија од Урумлакот
-
Празнична женска носија од Урумлакот
Литература
- Δελιόπουλος, Δημήτρης Θ. Το ρουμλουκιώτικο ιδίωμα, Σφακιανακη, 2008.
Наводи
40°32′N 22°19′E / 40.533° СГШ; 22.317° ИГД / 40.533; 22.317