I Летни младински олимписки игри (англиски: 2010 Youth Olympic Games, француски: Jeux Olympiques de la Jeunesse d'été 2010) се одржуваат, со почетокк на 14 и ќе траат до 26 август во Сингапур. Игрите се првите летни младински игри, кои во традицијата на Олимписките игри ќе се одржуваат на секоие четири години. На игрите учествуваат 3.531 спортист, на возраст од 14 до 18 години од 204 земји-учеснички. Медали ќе бидат доделени во вкупно 184 натпревари во 26 спортови.[1][2]
Одлуката за организацијата на игрите да му биде доделена на градот Сингапур беше донесена на 21 февруари 2008 година, откако 105 членови на МОК гласаа по електронска пошта.[3]
На 21 јануари 2008 година, Меѓународниот олимписки комитет ги објави имињата на двата града кои остануваат во трката за добивање на организаторските права на игрите.[4]:
Конечната одлука за доделување на организацијата на игрите беше донесена на 21 февруари 2008 година, кога претседателот на МОК, Жак Рог, во Олимпискиот музеј во Лозана ги објави резултатите од спроведеното гласање.[5].
Организацискиот комитет на летните младински олимписки игри во Сингапур е задолжен за организација на игрите. Организацискиот комитет е помогнат од група набљудувачи, составена од кабинетот на министри на Сингапур и парламентарниот секретар, Тео Сер Лук.[6] Осве тоа, беше формиран и комитет на внатрешното министерство, на чело со Ниам Чиенг Менг.[7] Сингапур доби и меѓународна поддршка за подготовките за игрите. НР Кина, земјата-домаќин на Летнтие олимписки игри 2008, пројави желба да му помогне на Сингапур во подготовките.[8] Лордот Себастијан Коу, кој е на чело на Организацискиот олимписки комитет на Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година, објави дека членови на неговиот организациски комитет планираат да го посетат настанот, вклучувајќи и тренери, но и административци.[9] Избирачкиот комитет обезбеди 4.310 соби во 36 хотели за сместување на учесниците.
Првобитниот буџет за игрите изнесуваше 105 милиони сингапурски долари и беше обезбеден со голема владина поддршка. Но, откако Сингапур ја доби организацијата за игрите, истиот се зголеми и знесуваше 387 милиони сингапурски долари, што е повеќе од трипати повеќе од почетниот износ и се должи на големите измени на делокругот на организациските активности. Најмногу беа зголемени трошоците за логистика, превоз, безбедност, технологија и надградба на спортските зданија. Локалните компании, кои склучиле договори за помагање на организацијата на игрите се очекува вкупно да добијат околу 70% од вкупниот буџет за игрите или околу 260 милиони сингапурски долари.[10][11]
Плановите за патот на Олимпискиот факел беа објавени на 26 јануари 2010. Огнот беше запален на 23 јули 2010 и патуваше низ пет града, претставувајќи ги петте континенти: Азија, Африка, Европа, Океанија и Америка. Градовите низ коишто беше пренесен се наречени Прославувачки градови[12]:
По 13 дена, кои факелот ги помина низ овие градови, во рамките на патувањето, тој помина и шест дена во Сингапур.[13] Казанот на заливот Марина, беше запален на 13 август 2010 година од страна на Ли Куан Јев.[12]
Факелот е висок 60 cm, широк до 5 до 8 cm и тежок околу 1 кг.[14]