Исак I Комнин

Исак I Комнин
Цар на Источното Римско Царство
Златен хистаменон од Исак I Комнин.
Византиски цар
На престол5/8 јуни 1057 – декември 1059
Крунисување1 септември 1057
ПретходникМихаил VI Вринга
НаследникКонстантин X Дука
Роден(а)околу 1007
Починал(а)1060/61
Цариград
СопружникКатерина
ДецаМануил Комнин
Марија Комнина
ДинастијаКомнини
ТаткоМануил Еротик Комнин

Исак I Комнин (~1007 - 1060/61) — византиски цар од династијата Комнини кој владеел од 1057 г. до 1059 г. Тој бил првиот член од неговото семејство кој станал цар. За време на неговото кратко владеење тој се обидел да ги поврати истрошените финансии на Царството и поранешната строга организација на владата.

Доаѓање на власт

Подготвен да ги исполни сите желби на владеачката цивилна странка царот Михаил VI Вринга бил глув за барањата на воените кругови и ја одбил депутацијата којашто ја предводеле истакнатите генерали Исак Комнин и Катакалон Кекавмен. Озлобените дигнале востание против цариградската влада. Во едно пафлагонско село Исак Комнин на 8 јули 1057 г. бил прогласен за цар. Приврзаници му пристигнале сите делови на Мала Азија и набрзо Исак со својата војска допрел до Никеја. Војската што цариградската влада ја испратила против него претрпела пораз. Михаил VI морал да стапи во преговори со својот противник и му понудил преку пратеништвото што го предводеле Константин Лихуд и Михаил Псел, титула на цезар и место на престолонаследник. Ваквите концесии само ги охрабриле неговите непријатели. Сега и во Цариград се кренала опозицијата и му подала рака на Исак Комнин. Пресудна улога одиграла Црквата како трета сила и најважен чинител покрај двете сопернички аристократски групи. Патријархот Михаил Керулариј се поставил на чело на опозицијата, Света Софија станала центар на агитација против владата. Михаил VI бил присилен да го напушти престолот и да се закалуѓери. На 1 септември 1057 г. Исак Комнин влегол во Цариград и од рацете на патријархот Михаил ја примил царската круна.[1]

Владеење

Општа ситуација

Во текот на последните децении моќта на престолничкото цивилно благородништво непрекинато растела. Секоја нова влада и донесувала нов триумф на цивилната странка. Со доаѓањето на Исак I Комнин настапила реакцијата. Иако владеењето на овој прв од династијата Комнини било краткотрајно, тој сепак успеал да ја зајакне воената моќ на Царството. Границите на исток биле успешно бранети, упадот на Угрите преку Дунав бил одбиен, па и Печенезите, спрема кои неговите претходници биле немоќни, ја почувстувале неговата силна рака. Како претставник на малоазиското воено благородништво Исак I Комнин се обидел да воспостави цврсто воено владеење. На парите тој бил претставен со исукан меч во раката. По стапувањето на престолот тој делегацијата на сенатори ја дочекал на ист начин како што неговиот претходник ја примил делегацијата стратези којашто ја предводел. Меѓутоа, тој не бил нималку груб во своето држење: луѓето коишто посредувале меѓу него и Михаил VI, коишто впрочем брзо ја оцениле ситуацијата и навреме ја промениле странката, дошле до нови почести. Псел бил одликуван со високата титула на проедар, Лихуд одново бил ставен на чело на државната управа, а подоцна станал и патријарх. Сакајќи пак да ги отстрани грешките на поранешните влади, Исак Комнин не се одрекувал од остри и радикални мерки. Бидејќи зачестило дарувањето земјиште на манастирите и аристократите и мошне се намалил државниот земјиштен фонд, тој решил да конфискува извесни поседи, како световни така и црковни. Тоа пак предизвикало остар судир со моќниот патријарх.[2]

Односот со Михаил Керулариј

Во личноста на Михаил Керулариј се одразувало јакнењето на византиската црква во XI век. Ова јакнење се манифестирало со осамостојувањето од Рим, а тоа морало да се манифестира и во односот спрема царската власт. Михаил Керулариј му помогнал на Исак Комнин да дојде до престолот. Затоа очекувал концесии во полза на Црквата и тие навистина не изостанале. Управата на Света Софија, која што дотогаш претставувала привилегија на царот, му била потчинета на патријархот и царот се обврзал дека ќе избегнува секакво мешање во верскиот живот. Царот можел да владее со Државата, а патријархот да раководи со Црквата. Тоа во византиските прилики значело огромно зголемување на црковната моќ. Меѓутоа, оваа состојба на рамнотежа и разграничувањето на сферите наскоро била нарушена од обете страни. Царот почнал да ги конфискува црковните поседи, а патријархот се занесувал со мислата духовната власт да ја стави над световната. Интересно е тоа дека Керулариј своите високи претензии ги засновувал на "Константиновиот дар" кој сега првпат влијаел на развитокот на Византија. Се зборувало дека тој - во духот на тој западен фалцификат - носел црвени царски обувки и дека му се заканувал на царот со симнување од престолот. На тој начин меѓу царот и патријархот избил огорчен судир кој најодзади довел до пад и на едниот и на другиот. Несомнено било дека царот располагал со посилни и поефикасни средства, но популарноста на патријархот била таква што царот не се осмелувал против него да употреби мерки на насилство во самиот Цариград. Дури откако Керулариј во една таква прилика ја напуштил престолнината заради посета на некој манастир, царската стража го фатила и го одвела во изгнанство (8 ноември 1058 г.). Меѓутоа, со никакви средства не можеле да го принудат смелиот патријарх на абдикација, па морало да се свика собор да одлучи за неговото сменување. Царот повторно не се осмелил соборот да го свика во Цариград туку го пренесол во едно провинциско гратче. Обвинението против Керулариј го составил Михаил Псел. Славниот филозоф не се притеснувал на својот бивш пријател да му стави во грев најневеројатни ереси и пороци. Ова, впрочем, не му пречело наскоро потоа во посмртниот говор да го велича Михаил Керулариј како најголем бранител на православието и олицетворение на сите доблести. Михаил Керулариј, имено, умрел уште за време на заседанието на соборот. За патријарх бил поставен Константин Лихуд, додека Псел го презел местото на прв министер.[3]

Детронирање

Се чинело дека царот Исак ја постигнал својата цел. Но набрзо се покажало дека мртвиот патријарх како маченик станал уште поопасен противник. Возбудувањето, коешто настанало и завладеало меѓу цариградското население по остранувањето на неговиот врховен пастир, уште повеќе се зголемило по неговата смрт. Заедно со опозицијата на цивилното благородништво дошло и непријателството на црквата и огорченоста на народот. Како што пред две години сојузот на црквата и военото благородништво довел до отстранување на Михаил VI, така сега сојузот на црквата и опозиционото чиновничко благородништво предизвикало пад на Исак Комнин. Во декември 1059 г., болен и обесхрабрен, царот Исак, по упорното инсистирање на Псел, се откажал од престолот и се замонашил во Студитскиот манастир.[4]

Наводи

  1. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 407-408.
  3. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 408-409.
  4. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 409.


Read other articles:

U.S. House district for Michigan Michigan's 4th congressional districtInteractive map of district boundaries since January 3, 2023Representative  Bill HuizengaR–HollandDistribution63.33% rural[1]36.67% urbanPopulation (2022)778,490[2]Median householdincome$70,086[3]Ethnicity91.8% White3.0% Hispanic1.8% Two or more races1.8% Black1.0% Asian0.7% otherCook PVIR+5[4] Michigan's 4th congressional district is a United States congressional district located in t...

 

Chart indicator of moving average convergence/divergence This article is about stock price analysis. For other uses, see MACD (disambiguation). Example of historical stock price data (top half) with the typical presentation of a MACD(12,26,9) indicator (bottom half). The blue line is the MACD series proper, the difference between the 12-day and 26-day EMAs of the price. The red line is the average or signal series, a 9-day EMA of the MACD series. The bar graph shows the divergence series, the...

 

Великий Ельзаський канал Джерело водотоку Рейн Гирло Рейн Притоки Augrabend Водозбір басейн Рейну Країна  Франція[1]  Великий Ельзаський канал у Вікісховищі Координати: 47°36′59″ пн. ш. 7°34′18″ сх. д. / 47.61638889002777830° пн. ш. 7.571666670028° сх. д. / ...

Vịnh MaputoVịnh DelagoaVịnh Maputo chụp từ trên không (tháng 1 năm 1990)Tọa độ25°59′N 32°42′Đ / 25,983°N 32,7°Đ / -25.983; 32.700Nguồn nướcbiển/đại dươngẤn Độ DươngLưu vực quốc giaMozambiqueChiều dài tối đa90 kmChiều rộng tối đa32 kmKhu dân cưMaputo Vịnh Maputo (tiếng Bồ Đào Nha: Baía de Maputo), trước đây còn có tên gọi là vịnh Delagoa, là một vịnh hẹp nằm bên bờ...

 

Het entreegebouw van het museum (2009) Het Openluchtmuseum Het Hoogeland is een openluchtmuseum in het dorp Warffum, gemeente Het Hogeland, dat in de Nederlandse provincie Groningen ligt. Beschrijving De naam van het openluchtmuseum, dat werd opgericht in 1959, is een verwijzing naar het Hogeland, het Noord-Groninger zeekleigebied waarin Warffum ligt. Door de eeuwen heen speelde de landbouw in deze regio een belangrijke rol. Het museum geeft een beeld van de geschiedenis van een plattelandsdo...

 

2020 song by Zedd and Griff Inside OutSingle by Zedd and GriffReleased23 October 2020 (2020-10-23)Genre Future Bass Length3:06LabelInterscopeSongwriter(s) Anton Zaslavski Brittany Amaradio Jonas Jeberg Michael Pollack Sarah Griffiths Producer(s) Jonas Jeberg Zedd Zedd singles chronology Funny (2020) Inside Out (2020) You've Got to Let Go If You Want to Be Free (2022) Griff singles chronology 1,000,000 X Better(2020) Inside Out(2020) Love Is a Compass(2020) Music videoIn...

Este artículo o sección necesita referencias que aparezcan en una publicación acreditada.Este aviso fue puesto el 30 de mayo de 2022. Sede central del DNIT en Brasilia. El Departamento Nacional de Infraestructura de Transportes (DNIT) es una organismo federal autárquico de Brasil vinculado al Ministerio de Transporte. Se somete al régimen autárquico común y fue creado por la Ley nº 10.233 del 5 de junio de 2001, que reestructuró el sistema de transportes terrestre y acuático de Bras...

 

اتحاد الرشاد اليمني التأسيس تاريخ التأسيس 2012 القادة محمد موسى العامري القادة عبد الوهاب الحميقاني مقر الحزب صنعاء الأفكار الأيديولوجيا سلفية المشاركة في الحكم عدد النواب لا يوجد المشاركة في الحكومة وزيري دولةحكومة خالد بحاح تعديل مصدري - تعديل   اتحاد الرشاد اليمني تن...

 

  Escatrónإسكاترون (بالإسبانية: Escatrón)‏[1]  إسكاترون تقسيم إداري البلد  إسبانيا[2] المنطقة أراغون المسؤولون المقاطعة سرقسطة خصائص جغرافية إحداثيات 41°17′13″N 0°19′30″W / 41.2870067°N 0.3250665°W / 41.2870067; -0.3250665[3]  [4] المساحة 94,64 كم² كم² الارتفاع 140 متر  ...

Study of the methods of historians Study of history redirects here. For the book by Toynbee, see A Study of History. Historical school redirects here. For the approach to economics, see Historical school of economics. For the movement in jurisprudence, see German Historical School. Allegory on writing history by Jacob de Wit (1754). An almost naked Truth keeps an eye on the writer of history. Pallas Athena (Wisdom) on left gives advice. Part of a series onResearch Research design Research pro...

 

a b c d e f g h 8 8 7 7 6 6 5 5 4 4 3 3 2 2 1 1 a b c d e f g h Ashtāpada, the uncheckered 8×8 board (sometimes with special marks) on which Chaturanga was also played Carpet with the Ashtapada board (detail). India or Iran, 15th-century. Museum of Islamic Art, Doha Ashtāpada (Sanskrit: अष्टापद) or Ashtapadi is an Indian board game which predates chess and was mentioned on the list of games that Gautama Buddha would not play. Chaturanga, which could be played on the same boar...

 

Armoured regiment of the British Army 4th Royal Tank RegimentCap badge of the Royal Tank RegimentActive28 July 1917- 1993Country United KingdomBranch British ArmyTypeArmouredSizeBattalionPart ofRoyal Armoured Corps Royal Tank RegimentGarrison/HQTidworthMotto(s)Fear NaughtMarchQuick: My Boy Willie Slow: The Royal Tank Regiment Slow MarchAnniversariesCambrai, 20 NovemberBattle honourssee Battle HonoursCommandersColonel-in-ChiefHM The QueenColonel-CommandantLt-General Andrew ...

West-east street in Manhattan, New York 40°45′54″N 73°58′43″W / 40.7649°N 73.9787°W / 40.7649; -73.9787 57th StreetApartment buildings lining East 57th Street between First Avenue and Sutton PlaceLocationManhattan, New York City, New York, U.S.West endWest Side HighwayEast endYork Avenue and Sutton Place 57th Street is a broad thoroughfare in the New York City borough of Manhattan, one of the major two-way, east-west streets in the borough's grid....

 

1986 Colombian filmA la salida nos vemosTheatrical release posterDirected byCarlos PalauScreenplay byCarlos Palau Sandro RomeroProduced byMaría Teresa BonillaStarringAlejandro Madriñan Abril Mendez Santiago Madriñan John KlonisCinematographyJosé MadeirosEdited byArmando ValeroMusic byAlejandro Blanco Uribe José GonzálezProductioncompaniesFocine Producciones Solsticio Hangar Films Compañía de FomentoDistributed byFocineRelease date 19 June 1986 (1986-06-19) Running time1...

 

Political party in Croatia Croatian Liberation Movement Hrvatski oslobodilački pokretPresidentLjubomir VlašićFounderAnte PavelićFounded8 June 1956Registered9 October 1991Preceded byUstašeHeadquartersZagreb, CroatiaMembership (2010)650[1]IdeologyCroatian nationalismAnti-communismEuroscepticismNeo-fascismPolitical positionFar-rightInternational affiliationWorld League for Freedom and DemocracySabor0 / 151European Parliament0 / 11County Prefects0 / 21Mayors0 / 128Party...

2014 Indian filmManjunathTheatrical release posterDirected bySandeep A. VarmaWritten bySandeep A. VarmaProduced byViacom 18 Motion PicturesNational Film Development Corporation of IndiaICOMO FilmsStarringSasho SatiiyshSeema BiswasDivya DuttaYashpal SharmaCinematographyPrakash KuttyEdited bySandeep FrancisMusic bySonam-Nitin-SubirParikrama (band)ProductioncompaniesNFDCIcomoDistributed byViacom 18 Motion PicturesRelease date 9 May 2014 (2014-05-09)[1] Running time129 minu...

 

Zoo in Norfolk, Virginia, United States Virginia Zoological ParkMain Entrance36°52′43″N 76°16′39″W / 36.8786°N 76.2774°W / 36.8786; -76.2774Date opened1900[1]LocationNorfolk, Virginia, United StatesLand area53 acres (21 ha)[2]No. of animals700+[3]No. of species115[2]Annual visitors500,000+[4]MembershipsAssociation of Zoos and Aquariums[5]Major exhibitsTrail of the Tiger, Okavango Delta, North AmericaWebsi...

 

Research university in Pasadena, California California Institute of TechnologyFormer names Throop University (1891–1907) Throop Polytechnic Institute and Manual Training School (1907–1913) Throop College of Technology (1913–1920)[1] MottoThe truth shall make you free[2]TypePrivate research universityEstablishedSeptember 23, 1891; 132 years ago (1891-09-23)FounderAmos G. ThroopAccreditationWSCUCAcademic affiliationsAAUAITUAPRUCOFHEURASpace-grantEndowment...

The Minneapolis City Conference is the Minnesota State High School League-sponsored high school sports league for schools in Minneapolis, Minnesota.[1] Members The members of the Minneapolis City Conference. School Nickname Colors Address Edison High School Tommies Blue & Gold     700 22nd Ave. NEMinneapolis, MN 55418 North Community High School Polars Royal Blue & White    1500 James Ave. NMinneapolis, MN 55411 Patrick Henry High School Patriots Red & ...

 

Questa voce sull'argomento hockeisti su ghiaccio cechi è solo un abbozzo. Contribuisci a migliorarla secondo le convenzioni di Wikipedia. Vladimír Caldr Nazionalità  Cecoslovacchia Hockey su ghiaccio Termine carriera ???? Palmarès Competizione Ori Argenti Bronzi Olimpiadi 0 1 0 Per maggiori dettagli vedi qui   Modifica dati su Wikidata · Manuale Vladimír Caldr (26 novembre 1958) è un ex hockeista su ghiaccio cecoslovacco. Palmarès Olimpiadi 1 medaglia: 1 argento (S...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!