Алексиј V Дука

Алексиј V Дука
Ἀλέξιος Εʹ Δούκας
Цар на Римското Царство
Царот Алексиј V, од осветен ракопис
Римски цар
На престол1204
ПретходникИсак II Ангел
Алексиј IV Ангел
НаследникКонстантин XI Ласкарис (Никејско Царство)
Михаил I Комнин Дука (Епирско Деспотство)
Алексиј I Трапезунтски (Трапезунтско Царство)
Балдуин I (Латинско Царство)
Роден(а)1140
Починал(а)декември 1205
ДинастијаАнгели (преку брак)

Алексиј V Дука (грчки: Ἀλέξιος Εʹ Δούκας, 1140 - декември 1205) ― римски цар од династијата Ангели кој владеел од 5 февруари до 12 април 1204 година. За време на неговото владеење се случила втората и последна опсада на Константинопол од страна на учесниците од Четвртата крстоносна војна. Тој бил член на династијата Дука, кој го имал прекарот Мурзуфл (Μούρτζουφλος), или мислејќи на неговите бушави веѓи или поради неговиот намуртен и мрачен лик.

Доаѓање на престолот

По освојувањето на Цариград од првата опсада од страна на крстоносците и претендентот за римскиот престол - Алексиј IV, римската влада во Цариград сè уште постоела, но таа целосно била зависна од милоста на Венецијанците и крстоносците, кои залогориле пред градските ѕидини. Оваа милост не траела долго, зошто набрзо се покажало дека Алексиј IV не бил во состојба да ги исполни ветувањата дадени во Задар и на Крф. Сега тој се нашол меѓу два огна. Крстоносците и Венецијанците ги барале ветените пари одбивајќи ги сите молби за одлагање, а римското население се бунтувало против царот којшто во земјата ги донел крстоносците и им се потчинил себеси и својот народ на Латините. Кон крајот на јануари 1204 г. во Цариград избувнал бунт. Алексиј IV не само својата скапо платена крна туку и главата, а неговиот татко Исак II Ангел бил ставен ставен во затвор каде што наскоро и умрел. На царскиот престол бил доведен Алексиј V Дука Мурзуфл, зетот на претходно симнатиот цар Алексиј III, мажот на бившата сопруга на Стефан Првовенчаниот, Евдокија.[1]

Владеење и падот на Царството

Уште еднаш победил противлатинскиот правец во Римската Империја, но неговиот триумф само го забрзал последниот чин на римската трагедија. Крстоносците се подготвувале со намера уште еднаш да го освојат Цариград, но овојпат не за да доведат нова римска влада, туку на урнатините на римската држава да ја завладејат. Во март, крстоносците и Венецијанците под ѕидините на Цариград потпишале подробен договор за делба на Римската Империја и за воведување на латинска власт во Цариград. Потоа почнал јуриш и се случило тоа што морало да се случи на 13 април 1204 г. римската престолнина попуштила пред надмоќните сили на напаѓачите.[2]

Опсадата на Константинопол во 1204, од Палма Џоване

На тој начин Цариград, којшто со векови бил непобеден, пркосејќи им на нападите на Персијанците и Арабјаните, Аварите и Словените, Бугарите, Русите и Печенезите, паднал во рацете на крстоносците и Венецијанците. Три дена и три ноќи освојувачите го ограбувале градот и чинеле свирепи насилства. Скапоцените богатства на најголемоѕо културно средиште на тогашниот свет, растргнати биле на сите страни, а дел од нив и дивјачки уништени. „Откако постои светот, во ни еден град не е добиен толкав плен“, вели историчарот на крстоносците Вилардуен. „Дури и Сарацените се помилосрдни и поблаги во споредба со овие луѓе кои на рамената го носат Христовиот крст“, забележува римскиот очевидец Никита Хонијат. По поделбата на воениот плен дошла делбата на Римското Царство, којашто го запечатила неговиот слом и за подолго време ги потиснала силите на Римјаните на периферијата.[3]

Наводи

  1. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 500-501.
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 501.
  3. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 501-502.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!