По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 85 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 7 жители[6]
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
Во 1928 година селото броело 229 жители, додека во 1940 година селото броело 396 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 313 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 229 жители, во 1971 година имало 119 жители, во 1981 година имало 120 жители, додека во 1991 година имало 182 жители.[6] Денеска, населението на селото е 275 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
396
313
229
119
120
182
275
—
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија