По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 58 жители[7].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Моновриси[8].
Демографија
Во 1928 година селото броело 300 жители, додека во 1940 година селото броело 418 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 550 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 472 жители, во 1971 година имало 523 жители, во 1981 година имало 523 жители, додека во 1991 година имало 573 жители.[7] Денеска, населението на селото е 566 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
418
467
550
472
523
573
604
566
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија