Ново Село или Нихор (грчки : Νεοχώρι, Неохори )[ 2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ , Егејска Македонија , денес во областа Централна Македонија , Грција .
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 6 километри југоисточно од градот Сер и на 14 километри источно од Довишта , на надморска височина од 2 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство . Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 92 жители цигани [ 3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 година, селото имало 180 Македонци и 48 цигани [ 4] [ 5] . Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 година во селото живееле 272 македонски гркомани, 18 Албанци и 54 цигани[ 4] [ 6] .
Грција
По крајот на Балканските војни , селото било вклучено во составот на Грција . На пописот од 1913 година биле евидентирани 148 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 81 жител[ 7] .
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција , во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Паралимнион[ 8] .
Знаменитости
Наводи
↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб) . Државен завод за статистика на Грција. 2003.
↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Νεοχώρι
↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124-125.
↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики . II дел. Скопје: Институт за национална историја . стр. 64.
↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“ . Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012 .
Надворешни врски
Населени места во општината
Довишта ОЕ Довишта ОЕ Струма Историски 1 Новосоздадено место од грчки доселеници во XX век