Какара (грчки: Μεσοκώμη, Месокоми)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 12 километри југоисточно од градот Сер и на 17 километри јужно од Довишта, на надморска височина од 14 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година била евидентиранa како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 205 жители[3].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.
Во 1930 година, селото било преименувано во Месокоми[4].
Демографија
Во 1928 година селото броело 205 жители, додека во 1940 година селото броело 232 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 271 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 315 жители, во 1971 година имало 216 жители, во 1981 година имало 247 жители, додека во 1991 година имало 185 жители.[3] Денеска, населението на селото е 108 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
|
1940
|
1951
|
1961
|
1971
|
1981
|
1991
|
2001
|
2011
|
2021
|
Население
|
232
|
271
|
315
|
216
|
247
|
185
|
167
|
108
|
|
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
Наводи
Надворешни врски
Населени места во општината Довишта |
---|
| ОЕ Довишта | |
---|
| ОЕ Струма | |
---|
| Историски | |
---|
| 1 Новосоздадено место од грчки доселеници во XX век |
|