Довишта (грчки : Εμμανουήλ Παππάς Емануил Папас до 1933 г. Παππάς , Папас ,[ 2] до 1927 г. Δοβίστα , Довиста [ 3] — село во Општина Довишта во Серскиот округ , Егејска Македонија , денес во областа Централна Македонија , Грција .
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 17 километри источно од градот Сер на надморска височина од 280 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство . Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 212 семејства со 600 жители Грци [ 4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 година, селото имало 1500 жители Грци [ 5] . Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 година во селото живееле 1400 Грци [ 6] .
Грција
По крајот на Балканските војни , селото било вклучено во составот на Грција . На пописот од 1913 година биле евидентирани 2038 жители[ 7]
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција , во селото било населено грчко население од Турција .
Демографија
Во 1928 година селото броело 2407 жители, додека во 1940 година селото броело 2620 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 2077 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2049 жители, во 1971 година имало 1207 жители, во 1981 година имало 1133 жители, додека во 1991 година имало 1086 жители.[ 7] Денеска, населението на селото е 601 жител според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
2620
2077
2049
1207
1133
1086
1121
601
Извор за 1940-1991 г. : Т. Симовски , Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
Цркви
Наводи
↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“ . Државен завод за статистика на Грција.
↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παππάς - Εμμανουήλ Παππάς
↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δοβίστα - Παππάς
↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 123.
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
↑ 7,0 7,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики . II дел. Скопје: Институт за национална историја . стр. 67.
Населени места во општината
Довишта ОЕ Довишта ОЕ Струма Историски 1 Новосоздадено место од грчки доселеници во XX век