По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 85 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 123 жители[8].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Психикон[9].
Демографија
Во 1928 година селото броело 755 жители, додека во 1940 година селото броело 835 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 1047 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1333 жители, во 1971 година имало 1001 жител, во 1981 година имало 1005 жители, додека во 1991 година имало 985 жители.[8] Денеска, населението на селото е 866 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
835
1047
1333
1001
1005
985
1101
866
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија