Шхара (грузиски: შხარა) — планина во средишниот дел на Големиот Кавкаски Венец, највисока во Грузија и трета по височина во венецот. Се наоѓа во областа Сванети долж границата со Русија, 88 км северно од градот Кутаиси и југоисточно од Елбрус.
Претставува дел од масив наречен Безеншки Ѕид кој е гребен со должина од 12 км. Има голем и стрмен врв со многу ледници и важи за голем предизвик кај алпинистите. Северната страна (во Русија) е висока 1.500 м и има неколку тешки патеки од класичен тип. Значајниот подврв Шхара Запад е висок 5.068 м и важи за најмакотрпното искачување во Европа.[2]
Прво освојување
Планината првпат е освоена во 1888 г. преку Североисточниот Гребен од британско-швајцарска екипа составена од У. Алмер, Џ. Кокин и К. Рот. Оваа патека и денес се смета за една од полесните и ужива популарност. Целиот Безеншки Ѕид е првпат преминат во 1931 г., од страна на австриските искачуавчи К. Попингер, К. Молдан и З. Шинтлмајстер.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Предлошка:Седум трети врвови