Гунбјерн (дански: Gunnbjørn Fjeld) — највисока планина во Гренланд, територија на Кралството Данска северно од Северниот Поларник. Претставува нунатак, карпест изданок над ледничкиот мраз.
Географија
Планината се наоѓа во венецот Воктинсонови Планини во источниот дел на островот. Има доста нунатаци и опфаќа уште неколку врвови со висина над 3.500 м.[1]
Историја
Гунбјерн за првпат е освоен на 16 август 1935 г. од Огистен Курто, Џек Лонгленд, Ебе Мунк, Харолд Вејџер и Лоренс Вејџер. Наречен е во чест на Хунбјерн Улфсон, првиот Европеец кој го открил Гренланд.[2]
Врвот се издига над ненаселен крај на источното крајбрежје на Гренланд. Искачувањата се ретки поради оддалеченоста и непристапноста на тој крај. Почесто до него се доаѓа со вртолет или авион на скии, обично од Исланд.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски