Tопографската истакнатост (релативна височина, самостојна височина, проминентност) е мерка за височината на врвот на една планина или рид помеѓу него и најниската изолинија што го окружува него, и ниеден повисок врв. Со ова се изразува самостојноста на врвот.
Дефиниции
Договорно се зема дека истакнатоста на планината Монт Еверест (највисока во светот) е еднаква на нејзината надморската височина. Со исклучок на овој посебен случај, постојат неколку истоветни дефиниции:
Истакнатоста на еден врв е височината на неговата највисока точка сметајќи од најниската изолинија што го окружува него и ниеден повисок врв.
Ако истакнатоста на врвот изнесува P метри, за да дојдеме од врвот до некој повисок терен, ќе мораме да се спуштиме P метри. Заедно со договорната вредност на Монт Еверест, ова подразбира дека истакнатоста на секоја највисока точка на еден остров или континент е еднаква на надморската височина.
За секој срт (или каков и да е премин) што го поврзува врвот со некој повисок терен, ја утврдуваме најниската точка на сртот. Оваа точка ќе биде на превојот (седлена точка или премин). Клучен превој или „врска“ е највисокиот од овие превои, заедно со сите сртови што поврзуваат. (Ако врвот е највисока точка на едно копно, тогаш клучниот превој ќе биде океанот, а истакнатоста на планината е еднаква на нејзината надморска височина.) Истакнатоста е разликата помеѓу надморската височина на врвот и надморската височина на клучниот превој.
Ако си претставиме дека морското ниво се накачило во најмала мера потребно еден врв да стане највисокото место на островот, тогаш истакнатоста на тој врв е висината на островот. Клучниот превој ќе биде последниот провлак што го поврзува островот со некој повисок остров, пред да ги одвои водата.
Најистакнати врвови во Македонија
За „ултраистакнати“ се сметаат сите оние врвови со забележителна истакнатост поголема од 1.500 м. Во Македонија такви се:[1]