Говерла

Говерла
Говерла
Говерла (септември 2003)
Највисока точка
Надм. вис.2061 м [1]
Заведена какоНајвисок врв во земјата
Друго имеГоверла
Географија
Говерла на карта

Карта

ПокраинаUA
Матичен венецЧорногора (Карпати)
Искачување
Прво освојувањеОрисија Хахула

Говерла (украински: Говерла; унгарски: Hóvár; романски: Hovârla; полски: Howerla) — планина во состав на Карпатите и со 2.061 м, највисока точка во Украина. Врвот се наоѓа во источниот дел на Бескидите, во областа Чорногора. Падините се покриени со шума од бука и смрека, над која се протега појас на супалпски ливади наречени „полонина“ на украински. На источната падина се наоѓа главниот извор на реката Прут. Името има староунгарско потекло и означува снежна планина.[2]

Говерла

Датумот на првото искачување е непознат. Кон крајот на 19 век, врвот станал позната туристичка атракција, особено меѓу туристите од соседните градови на Галиција. Во 1880 била обележена првата туристичка рута помеѓу врвот Говерла и Крани Лух од Леополд Вајгел од здружението Галиција Татра. Следната година било изградено првото засолниште за туристите.

Во 20 век се здобила со поголема популарност, како место за екстремни спортови. Некои патеки се обележани како 1A во зимскиот период (од доцна есен до мај), според системот на оценување од СССР. Денес, поради неговата популарност, многу љубители во алпинизмот со недоволни вештини често доживуваат несреќи, како замрзнатини, хипотермија, па дури и смрт.

Наводи

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!