Пршовце со ова име се спомнува уште во 1415 година. Во оваа година селото имало 44 куќи, 2 вдовици, 10 самци, лозја и градини со годишен приход од 8.150 акчиња. Од староседелските семејства познати се: Лауч, Хамзалар, Бекташ, Бегалар, Халабак, Рекали, Тољалар, Тота, Раде, Ѕинго, Прџе и Пираеус.
На 11 ноември2001 македонската полиција во контрола на три возила во реонот на селото Требош пронашла поголем број пиштоли, автоматски пушки и еден митралез, по што уапсила седум лица кои се наоѓале во возилата. Еден од уапсените бил Нухи Мустафи или т.н. командант Солана, роден 1966 година од Пршовце, одговорен за етничко чистење.[2]
За време на Конфликтот од 2001 во Пршовце забележани се неколку дејствија како палење на куќи[3] на неалбанци и сл.
На 7 мај2005 година во Пршовце е одржано првото собрание на т.н. Албанското национално движење Илирида (АНДИ) - движење за Република Илирида формирано една година претходно во тетовското село Слатино. На него присустувале 78 делегати од сите градови и претставници од неколкуте села „што не се во границите на Р. Илирида“.
Стопанство
Земјоделството е главна гранка која не е доволно организирана, но сепак жителите на селото поединечно се организираат во работата и со тоа најдобро постигнуваат високи приноси, посебно во сточарството. Земјоделците од оваа општина се главните снабдувачи на овошје, зеленчук, млеко и Млечни производи и месо, на и околу градовите Тетово, Гостивар и Скопје.
Според пописот од 2002 година Пршовце има 2.516 жители населени во 430 живеалишта, од кои 2.478 Албанци, 6 Роми, 1 Македонец, 1 Србин и 29 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.923 жители, од кои 11 Македонци, 1.871 Албанец, 1 Турчин, 3 Роми и 37 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Доселеници: Оџалар (16 к.), Тољолар (10 к.), Амзалар (24 к.), Кара Беќир (13 к.), Прчалар (13 к.), Матли (15 к.), Бектеш (7 к.), Кучук Амет (14 к.), Беколари (12 к.), Раделар (4 к.), Рамонет (5 к.), Амет (1 к.) и Налбат (1 к.) сите се доселени од северна Албанија. Родот Матли е доселен од областа Матија. Амзалар и Прчалар припаѓаат на фисот Красниќи. Некои се доселени од околината на Пешкопеја; Џемајловци (6 к.) они се Роми. Доселени се од Тетово.[12]
Во селото постојат избирачките места бр. 2021, 2021/1, 2022 и 2022/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
Јуни -Фолклорен фестивал „Шари К’ндон“ (Sharri Këndon, во превод „Шара пее“). Има премиерно издание во 1994 година за поради конфликтот во Тетово да паузира 3 години и во 2004 повторно се возобновува и слави 10 годишен јубилеј.
Значаен настан во селото е културната манифестација на народна музика. Во јули1994 година бил организиран концерт каде бил забележан висок интерес на населението. Следствено на тоа извесен Реџеп Салиу е назначен да направи релевантна документација за регистрација на културно здружение каде би се негувала традиционалната албанска песна и каде друштвото би одржувало свои концерти. Така е создадено Културно-уметничко Друштво „Јехона“ (во превод Одзив).
Во март 1994 е создаден и Младински форум со цел во селото да започне да се организираат повеќе спортски и културни настани. Првото дејствување на младинскиот форум е организирање на спортски турнир во селото каде покрај домашната екипа ФК Јехона, настапиле уште 50 други тимови.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“