Нераште — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 17 километри северно од Тетово.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 29 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нераште живееле 465 жители Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[4]
На пописот од 2002 година, селото имало 3.485 жители, од кои 3.478 Албанци и 7 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.724 жители, од кои 2 Македонци, 2.670 Албанци, 1 останат и 51 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Реч (46 куќи), кој потекнува од тројца браќа: Демир, Арслан и Арло. Од нив потекнуваат денешните семејства. Потеклото им — селото Реч, коешто се наоѓа на левата страна од реката Црн Дрим во северна Албанија, а во Македонија живеат од првата половина на 19- иот век.[11]
Нераште е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Во селото постојат избирачките места бр. 2029, 2029/1, 2030, 2030/1, 2031 и 2031/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и здравствен пункт.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.653 гласачи.[14]
Православните Македонци од ова село целосно се иселиле во XIX век. Од нив се знае за родот Пејовци (4 к.) кои се иселени во блиското село Варвара.[12]