Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Демир Хисар.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 до 920 метри. Од градот Крушево е оддалечено 4 километри.[2] Непосредно до селото минува регионалниот пат 1306.
Со оглед на повеќе археолошки наоѓалишта во близина на селото може да се претпостави дека селото е стара населба, но и дека некогаш се наоѓало на друга местоположба.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 11,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 832 хектари, на пасиштата отпаѓаат 176 хектари, а на обработливото земјиште 80 хектари.[2]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Староседелци и доселеници од непознато потекло:Трајчевци (14 к.), Белевци (3 к.), Беговци (7 к.), Стојчевци (1 к.), Момировци (2 к.) и Илијовци (14 к.).
Доселеници со познато потекло:Караџовци или Петревци (6 к.), доселени се од селото Сошани, Дебрца. Во Сошани им биле роднини, истоимениот род, во Острилци се доселил домазет. Го знаат следното родословие: Крсте (жив на 80 г. во 1952 година) Богоја-Кочо, предокот кој се доселил.
Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Крушевска градска општина, во која влегувале градот Крушево и селата Бирино и Острилци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1193 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна заедница.[13]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.