Олимписки медал — награда доделена на успешнитет натпреварувачи на Олимписките игри. Постојат три вида на медали: златни, кои се доделуваат на бедниците, сребрени, дделени на оние кои се зад победникот и бронзени, доделени на оние кои се втори зад победникот. Доделувањето на наградите подетално е опишано во олимписките протоколи.
Изгледот на медалите се менувал значајно од првите олимиски игри во 1896 година, особено во големината и тежината. Се користел стандарден изглед за предната страна на медалите за Летните олимписки игри од игрите во 1928 година и останал во употреба многу години, сè додека не бил заменет на игрите во 2004 година како резултат на спортот порврзан со употребата на римскиотКолосеум наместо на градба која би ги претставувала старогрчките корени. Медалите на Зимските олимписки игри никогаш немале карактеристичен изглед, но на истите секогаш имало снегулки.
Како дополнение и поддршка за своите спортисти, некои земји обезбедуваат парични награди и подароци на освојувачите на медали, во зависност од видот и бројот на освоени медали.
Кога започнале современте Олимписки игри во 1896 година ти им биле доделувани на успешните натпреварувачи. Сепак, златните медали не биле доделувани на првите игри во 1896 во Атина, Грција.[3] На победниците им бил доделуван сребрен медал и маслиново гранче,[4] Додека пак маратонците добивале ловорово гранче и бакарен или бронзен медал.[5] Во 1900 година, повеќето победници добиле чаши или пак трофеи наместо медали.
Традицијата на доделуање на златен, сребрен и бронзен медал за првите три места на игрите во 1904 година во Сент Луис, Мисури во САД. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) им доделин ретроактивно златни, сребрени и бронзени медали на побениците на игрите на секој настан од игрите во 1896 и 1900 година.[6][7] Доколку има повеќе добитници на ист медал сите тие се наградуваат со соодветниот медал според правилата на МОК.[8]
Медалите не се само награди кои се доделуваат на натпреваруачите, секој спортист кој ќе се натпреваува и иде меѓу првите осумина се стекнува и со олимписка диплома. Исто така на стадионот на кој се одржуваат игрите, имињата на сите добитници на медали се напишани на ѕидовите.[8] Finally, as noted below, all athletes receive a participation medal and diploma.
Производство и изглед
MOK ги диктира физичките својства на медалите и ја има конечната одлука за нивниот конечен изглед. Изгледот на медалите е развиен заедно со Националниот олимписки комитет (НОК) кој е домаќин на игрите, но сепак МОК има донесено одреден збир на правила:[8][9]
Добитници: првите тројца натпреварувачи добиваат медал
Облик: вообичаено кружен, на кој има држалка за синџир или пак трака
Трето место: се состои од бакар со додатоци на калај и цинк (вреди приближно $3).[11]
Детаки за спортот: спортот за кој е освоен медалот треба да е запишан на медалот
Првите олимписки медали во 1896 година бил осмислен од францускиот вајар Жил-Клемент Чаплин на кој бил претставен Зевс кој ја држи Ника, старогрчката божица на победата, на предната страна и Акрополис на задната страна.[3] Тие биле изработени во Париската ковачница кои исто така ги направиле медалите за игрите во 1900 година кои биле одржани во Париз. Со ова започнала традицијата задолжението за ковањето на медалите да биде на градот домаќин. За наредните неколку олимпијади домаќините имале можност да го изберат изгледот на медалот.
Трионфо
Во 1923 година МОК спровел натпревар за вајарите да го осмислат изгледот на медалите за Летните олимписки игри. Замислата на Џузепе Касиоли наречена Трионфо бил избран за победник во 1928 година.[3][12][13] На предната страна повторно ја имало божицата Ника но овојпат во преден план, држејќи ја победничката круна и палма со приказ на Колосеумот во позадина.[12] Во десниот горен дел на медалотбил оставен за името на олимпискиот домаќин и бројот на игрите. На задната страна е претставена толпа од луѓе кои го носат на раце освојувачот. Неговиот победнички изглед бил првпат презентиран на игрите во 1928 година во Амстердам. Овој изглед се одржал во наредните 40 години сè до игрите во 1972 година во Минхен биле првите игри на кои бил употребен поинаков изглед на задната страна на медалот.[3]
Касиолиевиот изглед продолжил да опстојува на предната страна на медалот уште подолг период, со тоа што бил призведуван за секои игри, со различен олимписки домаќин и број на игри. Предната страна го зачувала својот изглед Трионфо сè до игрите во 1992 година во Барселона, Шпанија, кога МОК одобриле поинаков изглед. За наредните неколку настани тие дозволиле употреба на мотивот со Ника, но дозволиле други измени.[9] Трендот завршил во 2004 година поради негативниот публицитет поврзан со изгледот на медалот за игрите во 2000 година во Сиднеј. Војќех Питраник, осмислувачот на медалот, заедно со организаторите на игрите биле критикувани од страна на грчкиот печат за употребата на римскиот Колосеум наместо на грчкиот Партенон.[3][14] Првичната замисла на Питераник била да бидат прикажана Сиднејската опера на предната страна но МОК сметале дека треба да биде заменета со Колосеумот и возач на двоколка. Тој ги спровел измените и покрај критиките, Сиднејскиот комитет за организација на игрите продолжил да го употребува изгледот на медалот,бидејќи немало време да се изведе нова замисла а и истата би била доста скапа.[9] Оваа грешка опстојувала 76 години сè додека новиот изглед не го прикажувал Панатенаико бил воведен на игрите во 2004 игри во Атина.[15] Овој нов изглед ќе продолжи да се користи сè до 2008 и 2012 година.
Пединечни задни изгледи
Германскиот олимписки комитет, Германскиот национален олимписки комитет, биле првите организирачи на Летните олимписки игри кој извршиле промена на задната страна на медалот. Замислата за игрите во 1972 година на Герхард Маркс, уметник од Баухаус, ги прикажувала митолошките близнаци Кастор и Полукс.[16] Оттогаш изгледот на задната страна на медалот била оставена на организаторот на игрите, но сепак конечната одлука ја имал МОК.
Споредба меѓу летните и зимските медали
МОК ја има конечната одлука за изгледот на сите олимписки медали, вклучувајќи ги тука Летните олимписки игри, Зимските олимписки игри и Параолимписките игри. За Зимските олимписки игри има поголема разноликост во дизајнот, за разлика од Летните олимписки игри, МОК никогаш нема осмислено нов изглед. Медалот на првите Зимските олимписки игри 1924 година во Шамони, Франција не ги ни прикажувале Олимписките прстени. Ника била прикажана на медалите во 1932 и 1936 година и се појавила само на еден изглед на медалите оттогаш. Еден постојан мотив е употребата на снегулката, додека пак ловеровите листови и круната се појавуваат на неколку изгледи на металите. Олимпиското мото Китиус, Алтиус, Фортиус го има на четири медали од Зимските олимписки игри но не се прикажува на Летните олимписки игри.
За три последователни настапи, домаќинот на Зимските олимписки игри вклучувале различни материјали во медалите: стакло (1992), спарагмит (1994), и лак (1998). Сè до игрите во 2008 година во Пекинг, Кина домаќинот олучил да искористи нешто поразлично, во овој случај жад. Додека пак обликот на медалите на Летните олимписки игри секогаш биле кружни со исклучок на игрите во 1900 година, облиците не амедалите на Зимските олимписки игри биле позначително различни. Медалите на Зимските олимписки игри воопшто биле поголеми, подебели и потешки од оние на Летните олимпшиски игри.
Поединечни изгледи на деталите
Изгледи на медалите на Летните олимписки игри
Детали за медалите за сите Летни олимписки игри:[16][17]
Предна страна: Крилата божица која држи ловорови гранчиња, Париз во позадината Задна страна: Победнички спортист кој држи ловорово гранче, Акрополис во позадината Забелешка: Единствениот олимписки медал кој не е со кружен облик
Предна страна: 'Трионфо Задна страна:олимписки спортист држен во воздух од страна на толпа Забелешка: на задната страна е оригиналниот изглед на Касиоли
Предна страна: подновена верзија на 'Трионфо Задна страна: стилизирано маслиново гранче, геслото на игрите во Атланта и „стогодишнината на олимписките игри“ Раб: „Атлантски комитет за Олимписки игри“
Предна страна: Ника со Панатенаико во позадина Задна страна: прстен од жад со геслото на игрите во Пекинг во центарот и детали поврзани со настанот на надворешниот раб
Предна страна: олимписки факел и олимпиското мото Китиус, Алтиус, Фортиус Задна страна: пиктограм на Градската куќа во Осло со три снегулки и детали за домаќинот
Предна страна: „идеална жена“ и детали од домаќинот Задна страна: голема снегулка со Помагагнон во позадината, и олимпиското мото Китиус, Алтиус, Фортиус, и други дополнителни детали за домаќинот
Предна страна: главите на маж и женасо детали од домаќинот во позадината Задна страна: големи олимписки прстени, олимпиското мото Китиус, Алтиус, Фортиус, и името на спортот
Предна страна: логтот на настанот со детали за домаќинот Задна страна: глава на спортист со ловорова круна Облик: кружен но сместен во голем заоблен правоаголен облик
Спаргамит делумно прекриен со злато, едната страна ги прикажува олимписките прстени со детали од домаќинот а на другата страна е прикажан спортот за кој е освоен медалот на и амблемот на игрите
Предна страна: спортист кој го носи олимпискиот факел излегува од пламенот Задна страна: Ника држи победниќки лист со детали од спортот Облик: неправилен круг, како карпите во реките во Јута
Предна страна: поединечно претставен дел од уметноста на првите народи, со што секој медал бил единствен Задна страна: амблем на игрите и детали за спортот Облик: кружен но со вдлабнатини
Предна страна: „крпено платно“ на кое се претставени различни предели од Русија Задна страна: името на спортот на англиски и логото на Сочи Облик: кружен
Уште од почетокот на современите олимписки игри спортистите и нивните придружници, па дури и официјални лица, и одредени доброволци вклучени во планирањето и спроведувањето на игрите им биле доделувани специјални медали и дипломи. Како и медалите за победниците и овие медали се менуваат за секоја олимпијада, при што тие се различни за Зимските и Летните олимписки игри.[21]
Галерија
Задната страна од плочката од Летните олимписки игри во 1900 година во франција
Џејмс Гравс кој носи бронзен медал на Летните олимписки игри во 2000 година, последната верзија на Трионфо
Доделувањето на медалите и наградите се има изменувано значителоно сè до 1932 година во Лос Анџелес го вовеле она што ќе стан стандард. Пред 1932 година сите медали биле доделувани на церемонијата на затворањето на игрите, при што спортистите носеле вечерно здолниште на првите неколку игри. Првично доделувачот на медалите бил во една положба додека пак спортистите минувале пред него за да ги добијат медалите. Победничкиот подиум бил воведен по лични препораки на Анри де Баје-Латур во 1931 година, кој го видел како се употребува на Британските империјални игри 1930 година.[23] Победникот е во средината и највисоко, добитникот на сребрениот медал е на десната страна а добитникот на бронзениот медал е на левата страна.[23] На Зимските олимписки игри 1932 година, медалите биле доделувани при свеченостите по повод затворањето на игрите, при што спортистите последователно се качувале на подиумот. На Летните олимписки игри, натпреварувачите во Колосеумот во Лос Анџелес ги добивале меалите веднаш по секој настан за првпат натпреварувачите од останатите стадиони доашале наредниот ден во Колосеумот за да ги добијат своите медали.[8][23] На подоцнежните игри имало победнички подиуми на секој стадион.
На Летните олимписки игри 1960 во Рим, Италија биле првите на кои медалите биле ставани на вратот на спортистите. Медалите виселе на вратот со помош на синџирчиња од ловорови листови, додека сега пак се обесени на обоена панделка.[16] Кога игрите биле одржани во Атина во 2004 година на натпреварувачите на подиумот им била доделувани и сплетени венчиња од маслинови гранки.
↑De Coubertin, Pierre; Timoleon J. Philemon, N.G. Politis and Charalambos Anninos (1897). The Olympic Games: BC 776–AD 1896(PDF). The Olympic Games in 1896 - Second Part. Athens: Charles Beck. стр. 232–4. Архивирано од изворникот(PDF) на 2008-05-27. Посетено на 2015-11-28.
↑“After this followed the distribution of the second prizes. The King presented each winner with a bronze medal and a laurel branch.” (English version) But: “Darauf treten die zweiten Sieger einzeln heran und empfangen aus den Händen des Königs einen Lorbeerzweig und eine kupferne Medaille” (German version) Pierre de Coubertin and others, The Olympic Games In 1 8 9 6,Архивирано на 27 мај 2008 г. Athens , London, Leipzig 1897, p.114 and p. 115. In: The Olympic Games B.C. 776. — A. D. 1896. Part II
↑Mallon, Bill (1998). The 1900 Olympic Games, Results for All Competitors in All Events, with Commentary. Jefferson, North Carolina: McFarland & Company, Inc., Publishers. ISBN0-7864-0378-0.
↑ 8,08,18,28,38,4Report 268. International Olympic Committee. 31 January 2002. Retrieved 11 September 2011.