Селото се наоѓа во Долни Полог, на бреговите на реката Вардар. Селото е во непосредна близина на селото Палатица.
Историја
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 84 христијани (Македонци) и 30 муслимани (Албанци).[2] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 64 жители христијани (Македонци).[3]
Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Шемшово и имало 9 куќи со 90 жители Македонци.[4]
↑Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“