Селото е дел од регионот Долни Полог. Долна Лешница се наоѓа на западните падини на Сува Гора. Во близина на селото се наоѓаат Горна Лешница, Добарце и Ларце.
Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 625 жители, од кои 615 Албанци и 10 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 430 жители, од кои 415 Албанци и 15 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
280
1953
171
150
—
—
—
2
...
1
—
324
1961
212
183
8
...
...
—
...
2
—
405
1971
132
270
—
—
...
3
...
4
—
409
1981
—
541
—
—
—
—
...
5
—
546
1991
—
6
—
—
—
—
...
—
—
6
1994
—
582
—
—
—
—
...
—
—
582
2002
—
615
—
—
—
—
—
10
—
625
2021
—
415
—
—
—
—
—
15
—
430
Родови
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
Македонски
Дамјановци (4 к.) потекнуваат од основачот на родот Дамјан кој се доселил од Прилепско. Го знаат следното родословие: Сатир (жив на 76 г. во 1947 година) Ристе-Наум-Трипун-Дамјан, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство).
Кузмановци (5 к.) доселени се од Порече (од Сушица или Брезница). Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 67 г. во 1947 година) Павле-Стојан-Кузман, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (Мисо Стојановски) и (Смиљаноски), Брвеница (Тасески), Јегуновце (Пепелкои) и во Туденце (Гале).
Аврамовци или Грци (6 к.) доселени се од некое место во Егејска Македонија. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства).
Призренци (4 к.) потекнуваат од селото Драјчиќи во Средска, Косово. Од таму се иселиле во Тетово, па во 1913 година се населиле во селото Долна Лешница. Нивното потекло е српско, но измешани се со македонското население во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Сиричино.
Албански
Чурнак (13 к.) први муслимански доселеници. Доселени се од северна Албанија. Го знаат следното родословие: Осман (жив на 65 г. во 1947 година) Мерсел-Џелил-Исен, основачот на родот. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
Драве (6 к.) доселени се од селото Желино. Подалечно потекло од северна Албанија.
Габер (1 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (таму изумреле) и во Порој.[9]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2112 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
Селската џамија била изградена на почетокот на XX век и тоа првобитно веднаш до тогаш разрушената црква „Св. Никола“. Кога во 1925 година, македонското население повторно ги откопало темелите на разрушената црква и на истото место ја обновиле, Албанците веднаш ја срушиле џамијата и изградиле нова, но овој пат во нивното маало.[12]
↑Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
↑Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑2012.9 мај Оштетена црквата во Тетовска Долна Лешница. Непознат сторител со тврд предмет континуирано ги оштетувал фреските од црквата „Свети Никола“ на почетокот на септември. На црквата се скршени три прозорци и во моментов се наоѓа во реконструкција. plusinfo.mkАрхивирано на 7 септември 2012 г.