Селото се наоѓа во западниот дел на Битолското Поле, во областа Пелагонија, сместено во близина на магистралниот пат А 3. Атарот на селото на исток е рамничарски, додека западно се издига сртот на Облаковска Планина. Се наоѓа на 597 метри надморска височина. Оддалечено е 6 километри северно од Битола и 36 километри јужно од Прилеп.
Историја
Во отоманските документи, селото се споменува во 1636 година (помеѓу 15 јули и 3 септември) во една тужба покрената пред меџлисот од страна на Шејх-заде Мехмед-ефенди против жителите од село Крклино - Битолско, коишто, за земени 2.000 акчиња, требало на име лихва да му даваат по сто аргати, а тие не си ја исполниле својата обврска.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крклино се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 41 куќа.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7]
Во 1948 година селото има 632 жители, додека во 1991 година живееле 654 жители.
Според пописот во 2002 селото има 611 жители, од кои 609 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 564 жители, од кои 549 Македонци, 3 Албанци, 1 Србин, 3 останати и 8 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Рајковци (12 куќи) доселени се од селото Прекопани во Мариово? (меѓутоа во Мариово не постои село Прекопани, најверојатно се мисли на леринското село Прекопана); Кочиштани (3 куќи) доселени се од раселеното село Кочишта кај Старо Змирново; Тошковци (2 куќи) доселени се од соседното село Снегово. Се знае следното родословие: Блаже (жив на 35 г. во 1951 година) Цветко-Тодор, кој се доселил од Снегово. Тошковци и сега имаат ниви во близина на Снегово.[14]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 133 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 19,019,1Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.