Орехово во 1903 година
Орехово или Горно Орехово — село во Општина Битола , во околината на градот Битола .
Географија и местоположба
Историја
Споменик за Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во селото Ореово
Во близината на селото на 3 мај 1942 година бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“ .
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство .
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна .[ 2]
Стопанство
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 316 — 1953 310 −1.9% 1961 279 −10.0% 1971 261 −6.5% 1981 286 +9.6%
Година Нас. ±% 1991 55 −80.8% 1994 39 −29.1% 2002 23 −41.0% 2021 9 −60.9%
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Орехово живееле 260 жители, сите Македонци .[ 3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев , („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 година во Орехово имало 240 Македонци , патријаршисти.[ 4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ореово се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[ 5] Истовремено Бугарско Ореово се води како чисто македонско село во Битолската каза со 31 куќа.[ 6] Бидејќи ова издание е верен превод на оригиналот, уредникот се извинува што македонскиот народ таму е напишан како „бугарски“.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци .[ 7]
Според пописот од 2002 година, селото Орехово брои 23 жители, сите Македонци .[ 8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци .
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
260
240
316
310
279
261
286
55
39
23
9
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 9] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 10] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 11] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 12]
Родови
Орехово е македонско село.
Родови во селото се:
Староседелци: Србиновци (12 куќи), Бубало (3 куќи) и Туфте (1 куќа) , Нивните предци живееле во месноста Магарево, по патот за накај Буково ;
Доселеници од непознато место: Амиџовци (5 куќи), Димковци (3 куќи), Анаќијевци (5 куќи), Ѓулевци (4 куќи), Јаневци (6 куќи), Мажевци (5 куќи), Ѓирковци (4 куќи), Пановци (4 куќи), Јанкуловци (4 куќи), Трпевци (2 куќи) и Чедевци (1 куќа) , родовите Амиџовци и Димковци потекнувале од ист предок, и родовите Анаќијевци и Ѓулевци потекнувале од ист предок.[ 13]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0128 според Државната изборна комисија , сместено во просториите на старата зграда на основното училиште.[ 14]
На претседателските избори во 2019 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[ 15]
Културни и природни знаменитости
Цркви[ 16]
Археолошки наоѓалишта
Редовни настани
Личности
Теодора Стефанова, 7 март 1909 г.[ 19]
Култура и спорт
Иселеништво
Постари иселеници од селото до 1951 година имало во Северна Америка и во Австралија .[ 13]
Иселеништвото продолжило и потоа и иселеници има во Битола , прекуокеанските земји и во европските земји .[ 20]
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF) .
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 237
↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF) . Каламус. стр. 26.
↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF) . Каламус. стр. 11.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ 13,0 13,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997) . Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678 . OCLC 469501519 .
↑ „Описи на ИМ“ . Државна изборна комисија . Посетено на 13 октомври 2021 .
↑ „Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија . Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7 .
↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија . Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
↑ Јован Ф. Трифуновски , (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
↑ The American School of Classical Studies (ASCSA)
↑ Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“ . www.mojrodenkraj.com.mk . Архивирано од изворникот на 2022-01-01. Посетено на 2021-07-17 .
Надворешни врски