Конче

Конче

Панорамски поглед на селото Конче

Конче во рамките на Македонија
Конче
Местоположба на Конче во Македонија
Конче на карта

Карта

Координати 41°29′45″N 22°22′57″E / 41.49583° СГШ; 22.38250° ИГД / 41.49583; 22.38250
Регион  Југоисточен
Општина  Конче
Население 915 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22020
Надм. вис. 654 м
Мреж. место Конче
Конче на општинската карта

Атарот на Конче во рамките на општината
Конче на Ризницата

Конче — село во Радовишко, југоисточна Македонија и седиште на истоимената општина.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 967 жители[2], со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба

Селото е сместено во средишниот дел на Општина Конче, на само 3 километри од соседното село Лубница. Селото е распослано во подножјето на планината Серта, уште наречена и Конечка Планина, близу изворот на реката Крива Лакавица. Лежи 20 километри јужно од градот Радовиш.[4]

Под селото се наоѓаат и Конечките Езера (Конче 1 и Конче 3), две езера создадени во 1961 година за наводнување на земјиштето, а во близина на селото се наоѓа и големото вештачко езеро Мантово. Езерата се богати и со разновидна риба, како на пример: крап, костреш, плашица и други.

Скоро на крајот од селото има река, која е дождовница.

Се наоѓа на надморска височина од 580 метри, а атарот на селото зафаќа површина од 45 км2. Територијата на селото опфаќа 1.185 хектари (ha) земјоделско земјиште, 368 ха пасишта и 2.721 ха шума.[4]

Конче е поврзано со градот Радовиш преку регионалниот пат Р-606 во должина од 23 км.[4]

Историја

Подрачјето на Конче е населено уште во железно време, за што сведочи наоѓалиштето Дерновец на 500-тина метри северозападно од селото.[5]

За првпат Конче се споменува во 1019 година во записите за византискиот цар Василиј II. Селото било дел од Струмичката епархија на Охридската архиепископија.[6] Од XIV век во селото постои манастирот „Св. Богородица“.[7] Во грамотата на царот Стефан Урош од 1366/1367 година, во селото живееле 25 семејства.[8]

На крајот на XIX век селото било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Мештаните се занимаваат со одгледување тутун, а и други земјоделски гранки. Исто така се одгледува добиток.

Панорамски поглед на Конче од патот кој води до него

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.246—    
19531.335+7.1%
1961980−26.6%
1971966−1.4%
1981979+1.3%
ГодинаНас.±%
1991997+1.8%
1994977−2.0%
2002967−1.0%
2021915−5.4%

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 1230 жители, од кои 330 Македонци и 900 Турци.[9] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Конче имало 320 Македонци.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Турци и 350 Македонци.[11]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 967 жители, од кои 444 Македонци, 521 Турчин и 2 други.

Врз основа на бројот на жителите селото Конче се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Конче броело 967 жители, од кои:[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 915 жители, од кои 293 Македонци, 1 Албанец, 606 Турци, 1 Бошњак, 1 останат и 13 лица без податоци.[12]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Конче:

Година Македонци Албанци Турци Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.246
1953 403 0 923 9 0 1.335
1961 566 0 402 8 4 980
1971 571 0 387 4 4 966
1981 523 0 452 1 3 979
1991 472 0 522 2 1 997
1994 445 0 530 1 1 977
2002 444 0 521 0 2 967
2002 293 1 606 0 1 1 12 915

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Конче е македонско-турско село.

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

  • Староседелци: Дишовци со Арсовци и Манчовци (3 к.), Тодоровци со Коцевци, Поп-Василевци и Паневци (6 к.), Китановци со Доневци (7 к.), Куси Јаневци со Арсовци (4 к.), и Манчевци со Стојановци (3 к.)
  • Доселеници: Решлијевци со Филевци, Каранфиловци и Димовци (11 к.) доселени се од селото Рич кај Струмица, многу одамна; Кировци со Божиновци, Крстовци, Трајчевци и Јовановци (6 к.) доселени се на крајот од XVII век од некое место во Грција; Секуловци со Јаневци и Маневци (4 к.) доселени се во XIX век од селото Лубница; Иловци (2 к.) доселени се од некое село во Радовишко; Глигоровци (1 к.) доселени се од Радовиш; Младеновиќ (1 к.) доселени се од Шумадија околу 1918 година; Младеновиќ (1 к.) доселени се од Радовиш.

Турски

  • Доселеници: Беќировци (4 к.), Неџиповци (6 к.), Омеровци (2 к.), Џинџијовци (2 к.), Чучук Амедовци (5 к.), Панџовци (4 к.), Абдурахмановци (2 к.) и Калешевци (2 к.) доселени се многу одамна; Куртови (4 к.), Ќеримови (2 к.), Ваизови (2 к.), Чаушеви (2 к.), Реџепови (2 к.), Хусеинови (4 к.), Али-Хусеинови (2 к.), Малихтови (2 к.), Алимови (2 к.), Абдурахманови (2 к.) и Исмаилови (1 к.) доселени се во 1912 година од раселеното село Промет кај Неготино. Тоа било турско село.[13]

Општествени установи

Поглед на централниот објект на основното училиште „Гоце Делчев“ во Конче

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957, селото било во рамките на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Конче, се наоѓале и селата Габревци, Горно Липовиќ, Долно Липовиќ, Долни Радеш, Лубница, Негреновци и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Конче и Лубница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1612 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 867 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Црквата Свети Стефан во селото Конче, изградена во 1366 година
Цркви[16]
Манастири
Џамии
Археолошки наоѓалишта[5]
Езера

Култура и спорт

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 мај 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Посетено на 20 мај 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Рехабилитација на регионалниот пат Р-606 Радовиш-Конче-Лубница, Македонија“ (PDF). Европска банка за обнова и развој. јуни 2009. Посетено на 25 мај 2016.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 328-329. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Иван Снегаров. История на Охридската ариепископия, том 1, София, 1924, стр.56
  7. Снегаров, Иван. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т. II, София 1932, с. 479
  8. Матанов Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 228.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 234
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Во Конче откриена втора гробница на великодостојник од вториот или третиот век . Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-06-13.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!