Гарван

За птицата видете Гавран.
Гарван
Гарван во рамките на Македонија
Гарван
Местоположба на Гарван во Македонија
Гарван на карта

Карта

Координати 41°33′32″N 22°17′26″E / 41.55889° СГШ; 22.29056° ИГД / 41.55889; 22.29056
Регион  Југоисточен
Општина  Конче
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22006
Надм. вис. 540 м
Гарван на општинската карта

Атарот на Гарван во рамките на општината
Гарван на Ризницата

Гарван — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[2], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Општина Конче. Сместено е помеѓу Градешка и Конечка Планина.

Историја

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Откако било заземена од страна на српската војска во Втората балканска војна во 1913 година, селото било запалено. Во 1914 година, српските власти убиле 7 селани.

По Првата светска војна, селото како и цела Вардарска Македонија се нашле во рамките на Кралството СХС. На 2 март 1923 година, српска воена чета на чело со штипскиот жупан Добрица Матковиќ, го извршува Гарванскиот масакр — убиство на 28 жители на Гарван како одмазда за смртта на колонистите во Кадрифаковскиот масакр, извршен од страна на чета на ВМРО.[4][5]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948254—    
1953299+17.7%
1961290−3.0%
1971165−43.1%
198166−60.0%
ГодинаНас.±%
199123−65.2%
199423+0.0%
200211−52.2%
20213−72.7%

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 270 жители, сите Македонци.[6] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гарван (Garvan) имало 320 Македонци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Според пописот во 2002 година, селото Гарван имало 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 Србин.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 270 320 254 299 290 165 66 23 23 11 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Родови

Гарван е македонско село.

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

  • Доселеници: Цветановци (1 к.). Миховци (15 к.). Митрови (Димчевци) (3 к.). Велановци (9 к.). Коридовци (3 к.) и Велковци (7 к.) сите потекнуваат од предци кои се доселиле од Стар Гарван, село кое постоело во Тиквеш (неготинско). Овде се доселиле пред околу 300 години.[14]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Гарван, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1616 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

Цркви[17]
Археолошки наоѓалишта[18]

Култура и спорт

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 мај 2016.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 3 мај 2016.
  4. ДАРМ, Фонд МНК, сигн. 14
  5. Цочо В. Билярски (ред.) „Тодор Александров: живот легенда“, София,, 1991, 164-165 стр.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. . Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивски фонд на МАНУ к-9, AE 116/II I. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!