Натпреварите во пливање на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро беа одржани од 6 до 13 август во Олимпискиот воден стадион. Маратонот на отворено се одржува на 15 и 16 август околу Копакабанската тврдина.[1] Местото на одржување на маратонот ги загрижило учесниците поради најдената бактерија отпорна на антибиотици во водите околу градот предизвикана со редовното фрлање на медицински отпад во реките и морето. Бактеријата е присутна во 10% од земените примероци.[2][3]
Како и на минатата олимпијада во 2012 г., пливањето е застапено со вкупно 34 дисциплини (17 за мажи и уште толку за жени), вклучувајќи два маратона по 10 км. Тие се следниве:
Слично како на олимпијадите од 2000 г. наваму (со исклучок на 2008 г.), пливањето е поделено на два дела. За базенските дисциплини, квалификациските пливања се попладне, а полуфиналето и финалето се навечер или во ноќта. Датумите во табелите се однесуваат на август.
Секоја земја има право на највеќе двајца пливачи по поединечен настан (под услов да се квалификуваат) и по еден за секое штафетно пливање. Една земја може да има највеќе 26 машки и 26 женски (вкупно 52) натпреварувачи.
На 15 јануари 2015 г., ФИНА ги утврдила времињата за квалификување на Летните олимписки игри 2016.[5] Има два вида квалификациски времиња: едно според натпреварувачот (непосреден влез), а друго според котирањето на земјата.[5][6]
Ако земјата нема ниеден пливач што ги исполнува условите, истата има право да назначи еден машки и еден женски учесник. Земјите што не добиваат учество по квалификации, но имаат барем еден пливач што ги задоволува квалификациските услови има право да учествува со пливачот кој се котира највисоко.[6]
На секој штафетен натпревар учествуваат 16 екипи составени од:
На трките на 10 км во машка и женска конкуренција учествуваат 25 пливачи:[7]
Како домаќин, Бразил има гарантирно учество во случај да не се квалификува.
* Земја домаќин (Бразил)
АЗ азиски рекорд | АМ американски рекорд | АФ африкански рекорд | ЕВ европски рекорд | ОК океански рекорд | ОР олимписки рекорд | СР светски рекорд ДР државен рекорд (Секој светски рекорд е нужно и олимписки, подрачен или државен рекорд. Подрачните рекорди (за континентални подрачја) се воедно и државни.)
a Пливачи кои учествувале само во претходницата и освоиле медали,
a Пливачи кои учествувале само во квалификациите и освоиле медали,