Олимпискиот триатлон се состои од три дисциплини; 1.5 км пливање, 40 км велосипедизам, и 10 км трчање.[2] Натпреварувањето зема форма на поединечен натпревар помеѓу сите учесници без квалификации.
Квалификации
Периодот за квалификување на олимпиското натпреварување во триатлон бил од 20 мај 2014 година до 15 мај 2016 година. Вкупно 110 натпреварувачи (55 во двете конкуренции) се борат за место на Олимписките игри. Првите осум најдобропласирани национални олимписки комитети можат да пријават по три натпреварувачи по дисциплина, додека другите национални олимписки комитети можат да квалификуваат по два натпреварувачи по дисциплина. За да се квалификуваат за игрите, сите натпреварувачи мораат да исполнат норма преку континенталните квалификациски натпреварувања, да остварат пласман во најдобрите три преку светските квалификациски натпреварувања и да бидат меѓу најдобрите 140 натпреварувачи на олимпискиот квалификациски список, на рангирањето на Светската триатлон серија, и на списокот со бодови.[3][4]
Триесет и девет натпреварувачи во двете конкуренции се квалификуваат преку својот ранг, потоа следат петте континентални шампиони и најдобропласираните три на Меѓународниот квалификациски турнир, одржан во Рио де Жанеиро на 1 и 2 август 2015 година. Земјата домаќин, Бразил, добива едно место по дисциплина, додека две места се доделуваат од страна на трипатритната комисија. На крајот, последните пет места се распределуваат помеѓу националните олимписки комитети кои немаат исполнето норма преку списокот со бодови на ITU.[3]
Распоред
Сите саатници се по Бразилско време (UTC-3). Сите саатници се предмет на промена.