Нов Продром (грчки: Νέος Πρόδρομος, Неос Продромос) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Бер, на надморска височина од 30 метри.[2] Сместено е околу 4 километри источно од старата населба Продром и исто толку североисточно од Мелик.
Сместено е во областа Урумлак, во непосредна близина на десниот брег на реката Красопулис, пред нејзиното влевање во Бистрица.
Историја
Селото е наполно ново, создадено е по 1924 година кога во него биле сместени исклучително грчки доселенички семејства.[2] Населбата била изградена во близина на селото Продром. Во неа биле сместени 49 грчки доселенички семејства од Понд и Кавказ, со вкупно 160 жители.[3]
Стопанство
Основни производи на селото, како и на целата област, се памукот, шеќерната репка и пченицата.[2]
Население
Првично, во селото биле сместени 49 грчки доселенички семејства со вкупно 160 жители, колку што броело селото во 1928 година. Благодарение на убавата местоположба и плодните обработливи површини, Нов Продром покажувал постојан пораст. Во 1940 година било забележано со 202, во 1951 година со 270, во 1961 година со 269, во 1971 година со 268, во 1981 година со 235, а во 1991 година со 222 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 203 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 181 жител.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
|
1940
|
1951
|
1961
|
1971
|
1981
|
1991
|
2001
|
2011
|
2021
|
Население
|
202
|
270
|
269
|
268
|
235
|
222
|
203
|
181
|
|
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Мелик со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Продром, во кој покрај Нов Продром, влегуваат и селата Киркасии и Продром.
Наводи