Роден е во 1839 г. во мијачкото село Лазарополе. Потекнува од големиот зографски род Дулеви (Коловци), чијшто основоположници се дедо му Дуле и татко му Никола Крстев. Крсте изработил икони во црквите „Св. Никола“ во Мраморец и „Св. Ѓорѓи“ во Злести, Тетовско. Негово дело е и иконата на Кирил и Методиј од 1881 година во црквата „Св. Илија“ во Зарово, Солунско.[1]
На влезот на црквата „Св. Атанасиј“ во Рајчица има натпис:
„
Овој свети храм Светјаго Атанасија се започна во лето 1866 и се зографиса во 1875, во тоа време беше епитроп Ангеле Митре се потрудија друштво со сите браќа селани за вечна им памјат – од раката на зографот Крсте Колов од Лазарополе.[2]
Подоцна Крсте се преселил во Охрид, каде за помошник го зел Серафим Тризла. Често работел со брата си Константин. Ги обучил синовите Рафаил и Русалим, со кои потоа често творел.[1] Во својот тефтер напишал дека во 1890 г. работел со брат му Коста во Софија, каде дале 932 гроша за бои, а оттаму „во Ломско зафаќаме во Сталинска Маала и во Белоградчик“.[4] Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Сталиска Маала има икона потпишана и датирана во 1891 г. На оваа необична икона се претставени светците Евстатиј, Трифун и Јулијан како ги држат нивните атрибути: Евстатиј — страк пченка, Трифун — лозарски нож (косир) и лозово гранче, а Јулијан — житни стебла.[5]
Николов како и татко му пред него работел и во Ќустендил и Ќустендилско, како и во Горна Џумаја, Пиринска Македонија.[4]
Во 1895 г. Крсте ги насликал иконите за иконостасите на црквите во струшките села Горна и Долна Белица,[6] потпишувајќи се на грчки (заради патријаршиските правила) како Ставрос Николау.[7]
Иконите во црквата „Св. Богородица“ во Волино се изработени од Крсте Колоски и неговиот син Рафаил.[8] Иконите во црквата „Св. Атанасиј“ во Јудово исто така се негово дело, овојпат заедно со синот Русалим. Фреските се од 1902 г.[9] Околу 1919 г. Крсте заедно со синот Рафаил и Димитар Андонов (Донев) творел во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце, Тетовско. Во 1920-тите со Рафаил ја живописал новата црква во манастирот „Сите Светители“ во Лешани.[6] Во 1928 г. со Рафаил ја зографисал и црквата „Св. Мина“ во Коњско.[8] Следната 1929 г. двајцата ја живописале „Успение на пресв. Богородица“ во Скребатно, Охридско.[8]
↑ 1,01,11,21,3Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 244.
↑Јовчевски, Петко и Методија Јовчевски (2000). Рајчица и Рајчка парохија – крајот на XIX и првата половина на XX век. Дебар. стр. 45-46 и 57. no-break space character во |title= во положба 26 (help)
↑Николоски, Дарко (3 – 5 јуни 2012, стр. 358). „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“(PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Симпозиум „Ниш и Византија XI“, Ниш. Архивирано од изворникот(PDF) на 2014-04-08. Посетено на 8 април 2014. no-break space character во |date= во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)