Свети Атанасиј (позната и како: Свети Атанасија) — селска црква во дебарското село Рајчица, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа во маалото Влаовци, надвор од маалото, помеѓу густа листопадна шума, во мал дол над самиот град Дебар.[2]
Местоположба
Црквата се наоѓа во маалото Влаовци, горното маало на селото Рајчица. До нејзе се стигнува преку земјена шумска патека. Во кругот на црквата постојат и гробишта кои припаѓаат на жителите на маалото Влаовци.
Историја
Црквата започнала да се гради на место каде што постоела помала црквичка, во 1868 година, а била осветена во 1877 година.[2]
Од страна на Турците црквата била 2 пати ограбувана, при што, првиот пат биле украдени два пара скапоцени одежди со проценета штета од 20 златници-наполеони, а вториот пат се украдени повеќе свештени книги (меѓу кои и Коло мение) со штета од 30 златници-наполеони.[2]
Црквата имала земјиштен посед од 17.692 м2 и лозје во месноста Клакој од 825 м2.[2]
На самиот влез од левата страна постои натпис на старословенски јазик кој гласи: „Овој свети храм Светјаго Атанасија се започна во лето 1866 и се зографиса во 1875, во тоа време беше епитроп Анѓеле Митре се потрудија друштво со сите браќа селани за вечна им памјат - од раката на зографот Крсте Колов од Лазарополе“.[2]
Под надлежност на оваа црква во минатото се наоѓале сите останати (четири) цркви во селото Рајчица, а како правно лице и застапник нејзиниот печат се употребувал како парохиски печат на Рајчката црковна парохија.[2]
Според натпис над главниот влез, храмот бил обновен во 2011 година од страна на Киро Радоешки-Чикер.
Архитектура
Фрескоживопис
Црквата поседува живопис, кој го добила набрзо по нејзината изградба во XIX век.
Иконостас
Црквата има мал дрвен иконостас.
Галерија
-
Задниот дел
-
Апсидата
-
Гроб во црковниот двор
-
Гробови во црковниот двор
-
Натпис за обновата над главниот влез
-
Ниша над главниот влез
-
Внатрешноста
-
Иконостасот
-
Дел од фрескоживописот
-
Црквата пред нејзината обнова во 2011 г.
Поврзано
Наводи
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 г. стр. 45-46 и 57
Надворешни врски