Италија за првпат учествувала на Летните олимписки игри во 1896 година кои се одржале во Атина, и од тогаш пропуштила само еден мундијал, и тоа во 1904 година. На Зимските олимписки игри, Италија дебитирала во 1924 година, и учествувала на сите мундијали.
Италијанските спортисти, заклучно со 2009 година имаат освоено вкупно 623 олимписки медали, од кој 522 на Летните и 101 на Зимските олимписки игри. По бројот на медали, се наоѓаат на шестото место на вечната ранг-листа, а по бројот на освоени златни медали на третото место, веднаш по САД и Советскиот Сојуз.
До сега, Италија била трипати домаќин на Олимписките игри, за првпат на зимските во 1956 во Кортина д'Ампецо, и во 2006 во Торино. Италија во Летни олимписки игри - 1960|1960 била домаќин на Летните олимписки игри, а нејзин организатор бил главниот град Рим.
Националниот олимписки комитет на Италија (италијански: Comitato Olimpico Nazionale Italiano, CONI) е основан во 1908 година, а бил признаен во 1913 година.
Медали
Медали на ЛОИ
Медали на ЗОИ
Надворешни врски